Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Лаванда
Сонувачи, занесеници и фантазери – вака најдобро можат да се опишат лавандите. Помалку се склони кон физички активности од другите луѓе. Кревки се и тешко излегуваат на крај со обврските.
Размислуваат интуитивно. Случајно ги поврзуваат информациите кои се складирани во нивниот мозок.
Тие прво гледаат во слоевите на разните форми, ликови и предмети кои ја сочинуваат скицата, моделот или конструкцијата, а потоа ги расклопуваат на делови за повторно да ги спојат создавајќи нови структури.
За да можеме да сфатиме што гледа лавандата, треба да бараме облаци во облик на птица или песочна дина во градина. Лавандите можат со своето „трето око“ да гледаат во друга димензија, да истражуваат паралелни светови, односно реалноста која постои во соништата и научната фантастика.
За лавандите предизвик е физички и емотивно да останат во нашата реалност. Многу им е полесно да живеат во свет на фантазија отколку во свет на современа технологија. Тие треба да научат да ги користат сликите и идеите од своите соништа и фантазии за да создадат нови исклучителни легенди, бајки и уметнички дела наменети за другите.
