Првата форма што ќе ја видите кажува каква личност сте - Part 2

Тест: Првата форма што ќе ја видите кажува каква личност сте

ПЕПЕРУТКА – Креативни и оптимисти

Вие секогаш ја гледате ведрата страна, силни сте и сакате да им бидете поддршка на луѓето кои се тажни.

Иако понекогаш се чувствувате оптоварени со сопствениот оптимизам, длабоко во себе знаете дека во вашата душа има многу среќа.

Најдобро би се пронашле во креативна работа: пишување, сликање, создавање нови дела.

ЛИЦЕ – Интровертни и интелигентни

Кога нешто гледате, сакате да ги пронајдете евентуалните грешки и да придонесете тоа да функционира уште подобро. Секогаш ги наоѓате најефикасните начини за решавање на проблемите.

Интровертноста потекнува од тоа што кога сте меѓу луѓе, забележувате премногу детали и тоа ви ја троши енергијата.

Најдобрата работа за вас е во професии кои вклучуваат анализи, пресметки и инженерство.

ЦВЕТ или БАКНЕЖ НА ВОНЗЕМЈАНИ – Сонувачи со слободен дух

Вие сте личност која размислува „надвор од кутијата“, која фантазира, но и која добива уникатни идеи. Не можете (и не сакате) да бидете врзани на едно место.

Сакате авантури, експериментирање со нови нешта и постојано обновување и проширување на знаењата.

Најдобри за вас се професии кои вклучуваат истражувања, експерименти и патувања.

Погледнете го и овој тест со пеперутки и откријте ја тајната на вашата среќа и благосостојба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар