Изберете ја најубавата пеперутка и откријте ја тајната на вашата среќа и благосостојба

Пеперутките се прекрасни животни, симбол на слобода и радост. Карактеристиките на вашата омилена пеперутка (нејзиниот облик, бои) може да откријат бројни тајни за вашиот живот и личност. Затоа за вас го подготвивме овој необичен психолошки тест. Изберете ја пеперутката која ви се допаднала на прв поглед и дознајте нешто за себе што сигурно не сте го знаеле, а што ќе ви помогне да станете подобра и посреќна личност.

1-izberete-ja-najubavata-peperutka-i-otkrijte-ja-tajnata-na-vashata-srekja-i-blagosostojba-www.kafepauza.mk_

Пеперутка број 1: Чувствителни и великодушни

Вие сте искрена и драга личност која ги сака другите, лесно се поставува на нивното место и се грижи (дури и премногу) за нивните потреби, понекогаш заборавајќи се себеси и сопствените потреби. Иако помагањето на другите ви носи голема радост, запомнете дека прво мора да започнете од себе и од вашата благосостојба. Препознавањето и прифаќањето на здрави граници во животот ќе ви донесе многу добрини, правејќи да се чувствувате многу поисполнето и позадоволно со самите себе.

Пеперутка број 2: Хармонични и мирни

Вие сте љубезна, спокојна, стрплива и симпатична личност. Се обидувате да одржите хармонија во животот и спокојство во сите социјални групи (во семејството, со пријателите, колегите…). Постојаното трагање за мир може да доведе до тврдоглаво негирање на непријатните ситуации и расправии, предизвикувајќи фази на апатија и намерна рамнодушност. Запомнете дека секоја ситуација (без разлика колку е тажна или иритирачка) се случува со причина, па ваш главен предизвик е да ги прифатите и да се препуштите на настаните во животот за да станете посилна, помудра и вистински спокојна личност.

Пеперутка број 3: Талентирани

Вие сте детална, логична и уредна личност кај која работите се добро средени. Чувствувате потреба да подобрите сѐ околу себе, им објаснувате на другите како да работат и дури можете да се налутите доколку не ги исполнат вашите очекувања. Можете да станете компулсивен работник и тука се крие вашиот најголем предизвик. Мала умереност во животот би била одлична за вас. Дајте си простор за да го смирите вашиот налутен ум и помирете се со себе и светот околу себе. Гледајте во небо неколку минути, прошетајте или пуштете ја омилената песна. На овој начин ќе го поправите расположението, квалитетот на работата и односите со другите луѓе.

Пеперутка број 4: Амбициозни

Вие сте самоуверени, енергични и вредни, а тоа се квалитети кои ви помагаат во многу аспекти во животот. Можеби ќе се исплашите од неуспех, бидејќи вашата самодоверба е заснована на вашите достигнувања и заради тоа вредно работите што може да влијае на вашето емоционално и физичко здравје. Вашиот главен предизвик е да сфатите дека вие сте многу повеќе од вашите достигнувања и да прифатите дека сте прекрасна личност, со многу единствени, природни таленти и дека оние кои вистински ве сакаат, ќе ве сакаат заради тоа кои сте, а не заради тоа што го работите или што го имате. Тогаш вашиот живот ќе стане многу посреќен и позадоволен, а вие ќе можете да се фокусирате на своите таленти и на сето она што сакате да го правите.

Пеперутка број 5: Ентузијасти

Вие сте личност која сака да биде слободна, среќна и да води исполнет живот. Се плашите од досада и монотонија, а бидејќи поседувате разни вештини и големо знаење, секогаш сте во движење и ангажирани сте во многу активности истовремено, што води кон еден од вашите главни проблеми: недостаток на константност. Вашиот главен предизвик е да научите мудро да располагате со вашето време и енергија. Сакате да извршувате повеќе работи истовремено, што е невозможно, бидејќи влијае на вашето ниво на енергија, на вашата личност и на кредибилитетот. Научете да поставувате приоритети, користете распоред и други методи на организација и научете да кажете „не“ (како на другите, така и на себе) кога ќе почувствувате потреба за тоа. На овој начин вашиот живот ќе стане многу поисполнет, позадоволен и среќен.

Пеперутка број 6: Уметници

Вие сте личност која поседува високо ниво на чувствителност, што ве прави љубезни, сочувствителни со другите и пред сѐ, креативни. Вашата креативност ви овозможува да градите и да реформирате, без разлика дали станува збор за физички простор, уметнички дела, работа или начинот на кој ги извршувате работите. Заради вашата висока чувствителност, понекогаш е потребно да се изолирате на мирно место, далеку од светот и неговите немири, а овие „паузи“ ќе направат многу добрини за вашиот живот, работа, односи со другите луѓе и ќе ве поврзат со вашата вистинска суштина.

Дали знаевте дека месецот во кој сте родени има своја заштитна пеперутка? Дознајте која пеперутка го карактеризира вашиот месев на раѓање.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар