Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

Луѓето се различни. Некои повеќе се интересираат за наука и учење нови работи со кои ќе ја развиваат својата логика и ќе ги прошируваат своите умствени капацитети, додека други преферираат филозофски начин на живот, потпирајќи се на своите инстинкти, емоции и интуиција. Двете половини од мозокот имаат различни функции, па во зависност од тоа кој дел повеќе го користите, таков ќе биде вашиот карактер.

Дали девојката се врти во насока на стрелките на часовникот или обратно?

Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

  • Доколку сметате дека танчарката се врти во насока на стрелките на часовникот, тогаш вие повеќе ја користите десната страна од мозокот, и обратно.
  • Повеќето луѓе движењето на девојката го гледаат во насока обратно од движењето на стрелките на часовникот, што значи дека повеќе ја користат левата страна од мозокот.
  • Доколку се концентрирате и се задлабочите во анимацијата, можете да го промените правецот на движење. Ако успеете да го смените правецот, значи дека умеете да промените и дел од себеси. Обидете се!

Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

Функции на левата страна од мозокот Функции на десната страна од мозокот
Употреба на логика Базирање на чувства
Забележување детали Широк спектар на гледишта
Потпирање на факти Водење според имагинацијата
Меморирање голем фонд на зборови Меморирање симболи и слики
Живеење во сегашноста и минатото Живеење во сегашноста и иднината
Математика и наука Филозофија и религија
Интелигенција Логично разбирање
Вештина Верување
Свест Почит
Меморирање според редослед и перцепција Ориентација во простор
Паметење имиња на објекти Разбирање на функциите на уредите
Базирање на реалност Базирање на фантазија
Стратешко размислување Простор за нови можности
Практичност Импулсивност
Безбедност Преземање ризици

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.