Тест: Кој е вашиот секси стил?

Тест: Кој е вашиот секси стил?

Постојат различни начини на кои девојките откриваат во која секси улога се чувствуваат најдобро и токму овој тест може да ви помогне да откриете нешто повеќе за себе на оваа тема. Дали сте забавно секси или неодоливо секси? Земете лист и пенкало, решете го тестот и дознајте…

Тест: Кој е вашиот секси стил?

1. Кога сте на прв состанок, каков е вашиот прв бакнеж?

а) Затворена уста и нежно, без јазик!

б) Полуотворена уста, без јазик, го оставате да сака повеќе

в) Со јазик… Можеби дури и мало гризнување на долната усна доколку има хемија!

г) Бакнеж? Веднаш преминавме во кревет!

2. Вашиот дневен стил е:

а) Фармерки и маичка со најудобните чевли

б) Убав, но сепак кежуал летен фустан, со коњско опавче

в) Блуза и сандали со тренди ѓон, најверојатно во комбинација со пантолони

г) Кратко здолниште и долг капут… Задолжително и високи потпетици!

3. Кога станува збор за секс, вие јавно:

а) Не разговарате за вашиот сексуален живот, тоа е приватно!

б) Знаете да се насмеете на „мрсна“ шега, но никогаш не ја преминувате границата

в) Знаете да кажете „мрсна“ шега како и да му намигнете на згодниот дечко кој ве слуша

г) Воопшто не се срамите да признаете дека сте одлична во кревет

4. Во бар вие нарачувате:

а) Пиво

б) Безалкохолен пијалак бидејќи сте шоферот во групата

в) Космополитен

г) Најсилниот пијалак кој постои… Со лед… Дупли…

5. Легнувате во кревет со вашиот партнер носејќи:

а) Долга ноќница која изгледа како да е од 1845 година

б) Кратка ноќница која ве покрива, но ги истакнува вашите облини

в) Ништо… Или можеби нешто што лесно се соблекува

г) Кожа и синџири, а во вашите раце држите камшик!

  • Резултати

    Најмногу одговори под „а“

    Вие сте типична „машкоданка“ што значи дека поседувате уникатен вид на секси. Вас многу лесно ве сметаат како „една од момците“ и токму тоа е знак дека го зборувате нивниот јазик. Вие слободно разговарате за војни, одлични сте со автомобили и сакате да правите најразлични нешта во природата. Но, кога станува збор за секс, вие сте многу срамежливи и недостатокот на сексуално знаење ве прави невино привлечни. Момците го обожаваат фактот дека можат да разговараат лесно со вас. Тие знаат дека поседувате и понежна, женствена страна која ја криете, па токму затоа би сакале и повеќе да ја покажувате.

    Најмногу одговори под „б“

    Вие ги освојувате мажите со вашата природна и невина убавина, а токму тоа е и вашиот вид на секси. Наместо да сте претерано искрени за вашата сексуалност, вие сте многу слатки и неодоливи. Вие сте на некој начин како беспомошно мало маче и не постои маж кој не го привлекува можноста да ѝ помогне на дама во опасност. Вие ги привлекувате мажите со вашиот шарм и женственост. Можеби ќе ви треба подолго време да преминете од статусот „помала сестра“ во неговите топли прегратки, но на крајот ова сигурно ќе ви се исплати.

    Најмногу одговори под „в“

    Вие сте многу слободни со вашата сексуалност. Нема двоумење дека сте дама и тоа класично тренди, но понекогаш запаѓате во категоријата која се наоѓа помеѓу природната убавица и сексуалната божица. Вие точно знаете како да го привлечете вниманието на мажот со само еден поглед и како истото да го задржите. Вие дефинитивно знаете и точно што тој сака, но тој нема да дознае освен ако не решите дека е вреден за вашето време и енергија.

    Најмногу одговори под „г“

    Вие сте тотален фрик! Немате никаков проблем со признавањето дека сте сексуално суштество по природа, дека обожавате да експериментирате и дека знаете точно што сакате. Вие ги заплашувате мажите и тие го обожаваат тоа! Една од најдобрите нешта за вашиот секси стил е тоа што ви е целосно удобно во вашата кожа и со својата сексуалност. Од време на време, сакате да ја играте играта „мачка и глушец“ со вашиот потенцијален партнер, но од самиот почеток знаете дали сакате сериозна врска или не. Поради вашата отворена и искрена сексуалност најчесто го добивате токму оној маж кој го посакувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар