Тест: Каков тип соништа сонувате и што претставуваат тие за вас?

Дали ја познавате вашата внатрешна страна доволно добро? Дали умеете да ги протолкувате пораките кои ги добивате низ вашите соништа? Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за начинот на кој вашите соништа ви влијаат, тогаш решете го овој едноставен и брз тест. Најпрво внимателно прочитајте ги прашањата и потоа одберете го оној одговор со кој најмногу се согласувате. Откако ќе одговорите на сите прашања, соберете ги поените и побарајте го резултатот подолу.

Тест: Каков тип соништа сонувате и што претставуваат тие за вас?

1. Иднината…

а) е сигурно подобра од сегашноста (2)

б) треба да се создаде (6)

в) е непредвидлива (4)

г) ме плаши (0)

2. Пред да заспијам…

а) сакам да читам или да гледам ТВ (2)

б) пијам апчиња за спиење (0)

в) размислува за тоа што се случило во текот на денот и ментално се подготвувам за следниот ден (6)

г) пијам чаша млеко или чај од камилица (4)

3. Соништата за мене се…

а) желби (2)

б) сопатници (4)

в) неопходни (6)

г) предзнаци (0)

4. Кој од следниве елементи најчесто се појавува во вашите соништа?

а) дрво (4)

б) воздух (2)

в) вода (0)

г) не се сеќавам (6)

5. Кога ќе ги затворите очите, размислувате за…

а) егзотичен остров (0)

б) пријатни емоции (2)

в) работа (4)

г) одмор (6)

6. Која боја доминира во вашите соништа?

а) црвена (6)

б) зелена (4)

в) сина (0)

г) бела и црна (2)

7. Во приказната за Пинокио, би сакале да бидете…

а) мачката и лисицата (6)

б) Пинокио (0)

в) самовилата (2)

г) штурецот кој говори (4)

8. Ако во последно време сте сонувале некого, кој дел од нивното тело ви оставил најголем впечаток?

а) очите (0)

б) косата (2)

в) рацете (4)

г) не се сеќавам (6)

9. Вашите соништа се…

а) заборавени, бидејќи никогаш не ги помните (6)

б) често кошмари (0)

в) многу убави и пријатни (2)

г) еротски (4)

10. Какви се вашите кошмари?

а) паѓате во празнина, пропаѓате (2)

б) некој ве следи, а вие не можете да трчате (0)

в) соништа со животни (4)

г) немате кошмари (6)

  • Резултати:

    До 20 поени – Лунарен тип

    Вие сте месечев вид кој постојано сонува и кој се препушта на вечерната магија. Повремено сакате да бидете сами или опкружени само со најблиските. За вас соништата се животен ритам, ги доживувате со многу емоции и силно верувате во нивните пораки. Тоа многу говори за вашата емотивна чувствителност и ранливост. Вие сте реалисти само кога се говори за остварување на крајните цели, а своите соништа никогаш не ги напуштате, дури во оние моменти кога изгледаат невозможни. Но, бидете внимателни, бидејќи понекогаш емоциите во вашите соништа се толку силни или без контрола што можат да се претворат во кошмари, наведувајќи ве на некоја деструктивна реакција која не е својствена за вашата позитивна природа.

    Од 21 до 45 поени – Ѕвезден тип

    Вие обожавате да уживате во светлината на ѕвездите кои навечер го осветлуваат небото. Ведри сте и романтични, но истовремено и реалисти. Верувате во своите соништа, дури и кога тоа не сакате јавно да го признаете. Вашиот дух е љубопитен, а чувството за мерка ве прави реалистична личност. Широката фантазија и способноста да ги негувате вашите соништа ви помагаат да живеете во свет каде што има место за и емоции и за мечтаење.

    Над 46 поени – Соларен тип

    Вие сте активни и реалистични, секогаш спремни да се соочите со проблемите. Но, во соништата немате доволно верба. Не оставате простор за мечтаење, бидејќи живеете во сегашноста. Најчесто реагирате по јасни и дефинирани принципи, кои се условени од реалноста, а не од соништата. Ретко се случува да ја изгубите главата пред потешкотиите, но не заборавајте дека понекогаш соништата можат да ви помогнат во кризните моменти, бидејќи ви создаваат оптимизам и ви додаваат креативна енергија. Бегањето од вашите соништа укажува на повремена несигурност, недоверба или потиснати стравови.

 

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар