Торта од кафе, чоколадо и лешници: Совршена за најубавите моменти во вашиот живот

На прв поглед овој рецепт делува комплицирано, но верувајте дека вреди

(1) Торта од кафе, чоколадо и лешници: Совршена за најубавите моменти во вашиот живот

Потребни состојки:
За тестото:
  • 190 грама бисквити
  • 25 грама шеќер
  • 20 грама млеко во прав
  • 3 грама морска сол
  • 33 грама несолен путер, стопен
  • 55 грама слатка павлака
  • 2 лажички Нутела
За филот:
  • 465 грама слатка павлака
  • 200 грама млеко
  • 135 грама шеќер
  • 20 грама какао во прав
  • 2 грама морска сол
  • 135 грама жолчки
  • 1 лажица инстант кафе
  • 250 грама темно чоколадо, стопено
За преливот:
  • 110 грама шеќер во прав
  • 2 лажици вода
  • 1 шака лешници, печени, излупени и исечкани
  • 300 грама шлаг пена
  • 2 лажици шеќер во прав
(2) Торта од кафе, чоколадо и лешници: Совршена за најубавите моменти во вашиот живот
Начин на подготовка:

За да ја направите кората, најпрво ставете ги бисквитите во процесор за храна со цел да добиете ситни трошки. Префрлете ги во сад со средна големина и додајте им го шеќерот, млекото во прав и солта. Изматете ја слатката павлака заедно со стопениот путер и додајте ги кај сувите состојки. Мешајте сè додека целосно не се комбинираат, а потоа додајте и Нутела. Поставете ја смесата во сад каде што претходно сте ставиле хартија за печење и ставете ја во замрзнувач.

За да го направите филот, загрејте ги слатката павлака и млекото. Во голем сад, измешајте ги заедно жолчките, шеќерот, какаото и солта. Мешајте сè додека целосно не се комбинираат. Кога мешавината со слатката павлака ќе почне да врие, полека сипете ја мешавината со јајцето, додека постојано мешате. Вратете го тенџерето на оган и додајте го и кафето. Оставете да се вари на тивко и повремено мешајте сè додека температурата на мешавината не достигне 180 степени. Сипете го филот низ цедалка во друг сад и додајте го стопеното чоколадо, па со миксер соединете ги сите состојки. Покријте го добро садот и оставете ја смесата околу 3 часа во фрижидер.

Откако филот ќе се олади, нанесете го рамномерно на кората и замрзнете го на 4 часа, или пак, уште подобро, оставете го да отстои цела ноќ. Во меѓувреме, направете го преливот од лешници. Поставете хартија за печење во еден сад за готвење и рамномерно нанесете ги лешниците. Додајте го шеќерот, заедно со водата во мало тенџере и варете ги на среден оган. Не мешајте. Оставете да се вари сè додека шеќерот не почне да се топи и да ја менува својата боја. Исклучете го шпоретот и внимателно сипете ја карамелата над лешниците. Тргнете настрана да се олади.

Извадете ја тортата од замрзнувач и оставете ја во фрижидер на околу 3 часа пред да ја сервирате. Кога сте подготвени за сервирање, поставете ги лешниците како завршен слој. Изматете ја шлаг пената со шеќерот во прав и декорирајте го врвот на тортата.

(3) Торта од кафе, чоколадо и лешници: Совршена за најубавите моменти во вашиот живот

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар