Тест: Изберете мандала и откријте изненадувачки детаљ за вашата личност

Тест: Изберете мандала и откријте изненадувачки детаљ за вашата личност

Мандалата потекнува од Индија, а нејзиното име на санскрит значи „круг или тркало“. Основната цел на мандалата е да помогне при медитацијата, но таа може да содржи и скриена порака. Направете го овој тест и откријте каква порака има за вашиот карактер мандалата што ќе ја изберете.

Тест: Изберете мандала и откријте изненадувачки детаљ за вашата личност

  • Мандала бр. 1

    Вие сте од оние кои „знаат сè“. Тоа не значи дека сте од оние кои сакаат да дознаат сè, туку дека ве привлекуваат ситните детали и можете да посветите голем дел од вашето време размислувајќи за нив. Важно е да знаете дека понекогаш мора да научите да се опуштите и да најдете слободно време за вас. Наша препорака би било да почнете да вежбате јога.

  • Мандала бр. 2

    Вие сте личност која би сакала да патува низ цел свет. Иако е точно дека сите ние би сакале да патуваме во други земји и да откриваме нови места и култури, сепак вие сте од оние кои сметаат дека парите треба да се трошат на вакви искуства наместо на купување материјални добра. Нека не ве ограничуваат годините, никогаш не е доцна да го правите тоа што го сакате.

  • Мандала бр. 3

    Вие сте личност која никогаш со ништо не се задоволува во животот и постојано нешто ви недостига. Сакате максимално да го живеете животот и иако понекогаш наидувате на пречки, сепак знаете како да се извлечете од нив.

  • Мандала бр. 4

    Вашата личност се бори помеѓу физичкиот и духовниот свет. Понекогаш се прашувате дали навистина вреди да вложувате толку многу труд и време во работа. Се прашувате: „Зошто работам? За да заработам? А што потоа? Ќе купам куќа? А што потоа? Ќе имам семејство? А потоа?“. Ви пречи фактот дека трошите драгоцен дел од вашето време за да заработите за живот, наместо да уживате во него.

  • Мандала бр. 5

    Мандалата која ја избравте е симбол на енергија, моќ, сила, опасност и љубов. Вие сте личност која цели кон врвот, желни сте за моќ и не се плашите од опасностите кои можат да се појават на вашиот пат. Постојано сте тука да им помогнете на луѓето доколку им е потребна вашата помош. Секогаш сте реалистични во сите ваши замисли и цели.

  • Мандала бр. 6

    Мандалата што ја избравте е поврзана со природата. Вие сте личност која секогаш цели кон нешто повеќе од тоа што го има па затоа го давате максимумот за да ги постигнете своите замисли. Љубопитни сте да го спознаете создателот на сите нешта и поради тоа секогаш сакате да бидете во контакт со природата и светот околу вас.

Доколку се забавувавте со овој тест откривајќи скриени детали од вашата личност, можеби сакате да направите и друг тест со келтски симболи кои имаат скриена порака за вашата личност.

Извор: namastest.net


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар