Тест: Изберете карта и добијте го советот кој ви е потребен во моментот!

Тест: Изберете карта и добијте го советот кој ви е потребен во моментот!

Вдишете длабоко и одберете една од овие карти. Картата што ќе ја изберете ќе ви го даде советот кој ви е потребен во моментот. Доволно е да им се препуштите на срцето и интуицијата. Која карта ја избравте?

Тест: Изберете карта и добијте го советот кој ви е потребен во моментот!

  • Карта бр. 1

    Доколку ја избравте оваа карта тоа значи дека нешто криете од себе. Обидете се да ги препознаете вашите вистински чувства. Тоа значи дека треба да бидете искрени со себе бидејќи само вие знаете што навистина сакате. Неопходно е да ги следите вашите чувства затоа што тие се патоказ за вистинската насока во која треба да продолжите да чекорите. Освен тоа, ништо нема да ви наштети ако останете доследни на себе. На тој начин ќе го добиете одговорот што го барате и дури тогаш ќе бидете среќни.

  • Карта бр. 2

    Оваа карта ви порачува дека зрачите со позитивна енергија и имате моќ за исцелување. Набргу ќе се разреши ситуацијата која долго време ве мачеше, а вашите молитви ќе бидат слушнати. Не заборавајте дека вие поседувате моќ и енергија за исцелување преку кои луѓето околу вас ќе се чувствуваат подобро.

  • Карта бр. 3

    Во вашиот живот ќе се појават луѓе кои ќе побараат внимание и помош. Но, дали некогаш размислувате за себе? Не ставајте се секогаш на второ место туку обидете се понекогаш да размислите и за сопствената среќа, желби и потреби. Не заборавајте дека вие го заслужувате тоа. Освен тоа, само кога вие самите сте исполнети и среќни ќе бидете во состојба да им помогнете на другите.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест за да откриете дали вашата желба ќе се оствари или не.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар