Тест: Изберете карта и добијте го одговорот на прашањето кое моментално ве мачи!

Тест: Изберете карта и добијте го одговорот на прашањето кое моментално ве мачи!

Секој од нас има сон што мислиме дека може да нè направи среќни. Поставете си го прашањето кое ве мачи и изберете една од трите понудени карти. Картата што ќе ја изберете ќе ви открие колку е веројатно вашиот сон да се оствари и ќе ви го покаже најдобриот начин да го постигнете она што го сакате.

Тест: Изберете карта и добијте го одговорот на прашањето кое моментално ве мачи!

  • Карта бр. 1

    Дојде време да ја примените интелигенцијата која е подарок од универзумот. Обидете се да се ослободите од внатрешните блокади и немојте да помислите дека можеби нема да бидете успешни. Во овој момент најважно е да ја дефинирате вашата цел бидејќи на тој начин најлесно ќе ја исполните вашата желба. Напишете ја вашата цел како и стратегијата за нејзиното исполнување на ливче хартија на кое ќе се навраќате одвреме-навреме. Не се сомневајте во вашиот успех, но и заблагодарете му се на универзумот за сета негова поддршка.

  • Карта бр. 2

    Во моментов сте под влијание на силна енергија. Прашањето кое долго време ве мачеше ќе се реши и без вашата интервенција, а исходот ќе биде позитивен не само за вас туку и за луѓето околу вас. Доволно е да го слушнете внатрешниот глас и да не дозволите да ви влијае мислењето на другите луѓе бидејќи универзумот е на ваша страна. Сè што треба да направите е да се држите до сопствените одлуки и да преземете сериозни чекори кон остварување на вашата цел.

  • Карта бр. 3

    Вие самите сте способни да одлучите за сопствената судбина. Надарени сте со воодушевувачки особини кои извираат од вашето срце и зрачат со позитивна енергија. Не занемарувајте ја интуицијата кога сакате да добиете нешто во животот или позитивно да влијаете врз саканите личности. Не заборавајте да го слушнете внатрешниот глас бидејќи тој ќе ви ги открие вистинските чекори и начинот за решавање на вашиот проблем. Освен тоа, имајте на ум дека вашите вештини играат клучна улога при остварување на вашите желби.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете дали вашата желба ќе се оствари или не.

Извор: atma.hr

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар