Тест: Изберете една од овие птици и откријте ги вашите силни и слаби страни!

Тест: Изберете една од овие птици и откријте ги вашите силни и слаби страни!

Погледнете ја внимателно сликата и изберете ја птицата што најмногу ви се допаѓа. Таа ќе ви ги открие вашите силни и слаби страни и ќе ве научи како да донесувате одлуки.

Тест: Изберете една од овие птици и откријте ги вашите силни и слаби страни!

  • Птица бр. 1

    Вашиот избор покажува дека имате многу висока емоционална интелигенција. Вие сте чувствителна личност по природа, со голема емпатија кон другите. Другите знаат дека можат да сметаат на вас кога се соочуваат со проблеми и тешки ситуации. Истовремено вие сте и интровертна личност и не сакате да преземате иницијативи кога станува збор за односите со другите околу вас.

    Позитивни особини кои можат да ве доведат до успехот: трпеливост, доверливост, великодушност, искреност и третирањето на другите со почит.
    Негативни карактеристики на кои треба да поработите: зависност од другите, предвидливост, наивност, склоност кон фанатизам.

  • Птица бр. 2

    Со оглед на тоа дека го избравте бувот, вие сте личност со силна логичка интелигенција, способна да реши секаков проблем. Љубопитни сте за сето она што се случува околу вас, па затоа постојано учите нови работи особено од областа на вашите интереси. Од друга страна, вие сте пасивни во комуникацијата со другите луѓе и ретко преземате иницијативи, особено со нови познанства.

    Позитивни особини кои можат да ве доведат до успехот: внимателност, педантност, мирољубивост, решителност, љубопитност, експертиза од областите на интерес.
    Негативни карактеристики на кои треба да поработите: одмаздољубивост, немилосрдност, „кратковидост“.

  • Птица бр. 3

    Го избравте паунот, а тоа значи дека се карактеризирате со голема емоционална интелигенција. Вие сте експресивна личност по природа, толерантна кон другите. Другите лесно можат да „прочитаат“ што ви лежи на душа. Секогаш сте ентузијастички настроени кога станува збор за комуникација со другите и не се плашите од нови познанства.

    Позитивни особини кои можат да ве доведат до успехот: позитивна енергија, харизма, емотивност, дружељубивост, ентузијазам, натпреварувачки дух.
    Негативни карактеристики на кои треба да поработите: себичност, доминација, власт, тенденција за пренагласување.

  • Птица бр. 4

    Го избравте орелот, а тоа покажува дека сте независна, харизматична личност со високо развиена логика. Покрај тоа, вие сте активна личност во поглед на комуникацијата: не се плашите да преземете иницијативи и отворено ги споделувате со другите своите идеи, стравови или сомнежи. За жал, вашите коментари понекогаш можат да бидат навредливи за другите.

    Позитивни особини кои можат да ве доведат до успехот: харизматичност, искреност, желба за иницијатива, независност, мотивираност, бестрашност.
    Негативни карактеристики на кои треба да поработите: грубост, агресивност, контроверзност, себичност, нетрпеливост.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг каде омилената кристална кугла ќе ви донесе порака за иднината.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини