Тест: Омилената кристална кугла ќе ви донесе порака за иднината!

Тест: Омилената кристална кугла ќе ви донесе порака за иднината!

Дали сте од оние кои бараат некакви насоки за иднината? Изберете една од овие кристални кугли и прочитајте ја вашата порака!

Тест: Омилената кристална кугла ќе ви донесе порака за иднината!

  • Кугла бр. 1

    Доколку ја избравте оваа кристална кугла значи дека направивте сè што можевте. Работевте доволно напорно и сега време е да се опуштите и да уживате во сработеното. Вашите напори покрај другото, ви овозможија да запознаете нови луѓе и да стекнете нови пријателства. Набрзо ќе увидите дека поврзувањето со светот околу вас ќе ви ги даде решенијата што очајно ги баравте.

  • Кугла бр. 2

    Сега може да се опуштите затоа што чекорите по вистинскиот пат. Досега се обидувавте да ги најдете одговорите на вашите животни прашања во светот околу вас. Лека-полека ќе станете свесни за фактот дека тие се наоѓаат во вас, доволно е да погледнете внатре во себе. Медитацијата ќе ви помогне да се ослободите од нередот во вашиот ум и затоа доволно е да се фокусирате. Верувајте во себе и престанете да се обидувате да ги контролирате сите нешта во вашиот живот.

  • Кугла бр. 3

    Работевте напорно досега, зарем не? Време е да се одморите и да почнете да уживате во светот од кој се оддалечивте поради работните обврски. Без разлика дали ќе одлучите да бидете спонтани или ќе го испланирате одморот, не е важно – доволно е да се оддалечите од вашиот распоред макар и на неколку дена. Ова е совршен момент и да си поставите нови цели. Запишете ги и искористете ги сите ресурси кои ви се на располагање за да ги остварите.

  • Кугла бр. 4

    Честопати знаете да се навратите во минатото, а тоа се одразува негативно врз вашето расположение. Без разлика дали сте изгубиле некој што го сакате или сте направиле нешто за што жалите, сега е време да му се препуштите на исцелувањето. Престанете да се повредувате себеси така што одново и одново размислувате за она што се случило. Прифатете ги лекциите од минатото и фокусирајте се на тоа како да ја направите вашата иднина што е можно посветла.

Доколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест преку кој ќе откриете која е вашата порака за 2022 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар