Тест: Изберете број и добијте порака од моќниот шаман!

Тест: Изберете број и добијте порака од моќниот шаман!

Доколку не можете да решите одреден проблем и се чувствувате збунето тогаш овој тест е за вас. Сè што треба да направите е да ги затворите очите, да размислите за проблемот што ве загрижува или да посакате желба. Потоа, изберете еден од овие броеви и добијте одговор од моќен шаман.

Тест: Изберете број и добијте порака од моќниот шаман!

 

  • Бр. 1

    Набргу ќе се променат работите, а вие ќе престанете да се грижите за непотребните нешта кои ви го окупираат умот.

  • Бр. 2

    Вие сте на погрешен пат, па затоа престанете да ги слушате другите и следете го срцето за да го најдете она што го барате.

  • Бр. 3

    Вашите планови ќе успеат бидејќи сте на вистинскиот пат.

  • Бр. 4

    Наскоро ќе добиете пријатни вести кои ќе бидат решението за вашиот проблем.

  • Бр. 5

    Нека приоритетот ви биде грижата за себе бидејќи здравјето е најважно.

  • Бр. 6

    Вашите планови ќе бидат успешни.

  • Бр. 7

    Се грижите за неважни работи и на тој начин ја губите можноста да бидете среќни. Сè што треба да направите е да ги оставите настрана сомнежите и да го следите вашето срце.

  • Бр. 8

    Ќе добиете повеќе отколку што барате.

  • Бр. 9

    Сега не е идеален момент за спроведување на планот и затоа неопходно е да бидете трпеливи.

  • Бр. 10

    Сè ќе се случува неочекувано и ќе добиете многу повеќе отколку што можете да замислите.

  • Бр. 11

    Вашиот страв ве спречува да ја достигнете целта и затоа неопходно е да ги оставите настрана сите сомнежи и да почнете да верувате. Сè е можно.

  • Бр. 12

    Среќна ѕвезда ќе ви го осветлува патот и набргу ќе ги решите проблемите кои ве мачат долго време.

  • Бр. 13

    Вложивте многу труд, па затоа време е да бидете наградени.

  • Бр. 14

    Неопходно е да вложите труд, но среќата ќе ја пронајдете токму на патот кон целта.

  • Бр. 15

    За жал, она што го барате во моментов е неизводливо. Но, не бидете тажни бидејќи судбината ќе ви даде можност да ја пронајдете вистинската среќа.

  • Бр. 16

    Не откажувајте се бидејќи сте близу до целта!

Откако го направивте овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува ова лето.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар