Тест: Дали имате натприродна телепатска моќ?

Тест: Дали имате натприродна телепатска моќ?

Секој човек располага со натприродни телепатски способности. Според најновите научни истражувања, тие способности се наследни. За жал, многу луѓе не се свесни дека ги имаат.

test-dali-imate-natprirodna-telepatska-mokj-kafepauza.mk

Американските научници во соработка со видовитата жена Клариса Бернард развиле тест за лична употреба. Врз основа на овој тест, секој може да утврди дали располага со натприродна моќ или не.

Оговорете на овие 20 прашања, со „да“, „не сум сигурен/на“ и „не“.

1. Дали некогаш сте имале необично претчувство дека нешто ќе се случи и потоа тоа навистина се случило?

2. Имате ли често претскажувања кои понекогаш се остваруваат?

3. Дали некогаш сте помислиле на нешто и потоа тоа се случило?

4. Имате ли посебен осет за контакти со странци и со животни?

5. Кога зборувате со животни, имате ли чувство дека ве разбираат?

6. Дали некогаш сте имале чувство дека нешто ѝ се случува на блиска личност, иако сте биле просторно многу раздалечени?

7. Имате ли чувство, кога нешто ќе видите, дека тоа претходно некаде сте го виделе?

8. Дали попрво ги следите своите чувства одошто разумот?

9. Кога некого ќе сретнете за првпат, можете ли веднаш да почувствувате дали ќе ви биде пријател или не?

10. Кога сте далеку од саканите луѓе и пријателите, имате ли чувство дека сте сепак блиску еден до друг?

11. Верувате ли дека човекот има повеќе од пет сетила?

12. Верувате ли дека навистина може да се читаат мислите?

13. Дали некогаш сте имале чувство дека некој од далеку воспоставил контакт со вас преку мислите?

14. Дали понекогаш знаете што ќе каже некој пред да ја отвори устата?

15. Верувате ли дека одредени предели, градби или простори имаат силно влијание врз вас?

16. Дали често советите кои им ги упатувате на другите се покажуваат како исправни?

17. Дали сте имале претчувства и многу пријателски чувства кои не сте можеле да ги објасните?

18. Дали би биле подготвени да прифатите научно тестирање, кое би дало одговор на прашањето дали имате натприродни способности?

19. Дали понекогаш сте имале чувство дека можете да ги читате туѓите мисли, а притоа не сте погрешиле?

20. Дали ве фасцинира способноста за претскажување на иднината на другите луѓе?

  • Резултати:

    За секој потврден одговор добивате 10 поени, за секој неодреден одговор добивате 5, а за негативните добивате 0.

    Ако сте собрале под 100 поени, вашите натприродни способности се слабо изразени. Внимавајте на претскажувањата кои изгледа поминуваат незабележано покрај вас.

    Ако имате од 100 до 145 поени, вашето чувство за натприродни работи е доста развиено. Би требало да поработите на активирање на вашето шесто сетило.

    Ако збирот на поените ви изнесува од 150 до 195, вашите натприродни способности се силно изразени. Ќе треба да ги тренирате за да ги засилите уште повеќе.

    Ако имате над 200 поени, вие изгледа одамна сте свесни за вашите натприродни способности заради бројните натприродни искуства кои ги имате доживеано. Понекогаш ја гледате иднината толку јасно, како што нормалните луѓе ја гледаат сегашноста.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар