Терапија за душата: Правила по кои сите ние треба да живееме

Дури и кога би добиле сè што сакаме, не можеме да бидеме сигурни дека ќе бидеме среќни. Од друга страна пак, доколку не ни се случува тоа што не го сакаме, тогаш без сомнение можеме да се доближиме до среќата. Погледнете ги следниве правила на однесување кои можат да ви помогнат да ја зајакнете вашата душа и да се исполните со позитивна енергија.

Терапија за душата: Правила по кои сите ние треба да живееме

Што никогаш не треба да правите?

  • Никогаш не се расправајте.
  • Никогаш не го повишувајте вашиот глас.
  • Никогаш не се откажувајте.
  • Никогаш не очајувајте.
  • Никогаш не ѝ се предавајте на вината.
  • Никогаш не лажете.
  • Никогаш не бидете гневни,
  • Никогаш не правете добрина само за да добиете нешто за возврат.
  • Никогаш не прифаќајте здраво за готово сè што ќе ви биде кажано.
  • Никогаш не бидете вообразени.

Што никому не треба да правите?

  • Никому не завидувајте.
  • Никому не ласкајте.
  • Никому не се одмаздувајте.
  • Никому не говорите грубости.
  • Никому не ветувајте нешто што не можете да исполните.
  • Никому не се фалите.
  • Никому не бидете товар.
  • Никому не памтите зло.
  • Никому не одговарајте зло со зло, туку со добрина.
  • Никому не посакувајте нешто што не го посакувате за себе.

Што секојдневно треба да избегнувате?

  • Избегнувајте да навредувате.
  • Избегнувајте да презирате.
  • Избегнувајте да се жалите.
  • Избегнувајте да се муртите.
  • Избегнувајте да исмејувате.
  • Избегнувајте да осудувате.
  • Избегнувајте да се сметате себеси за најдобри (или најлоши).
  • Избегнувајте да не внимавате.
  • Избегнувајте да озборувате.
  • Избегнувајте да имате идоли.

(1) Терапија за душата: Правила по кои сите ние треба да живееме

Понекогаш имаме тенденција без потреба да ги комплицираме нештата иако едноставното решение е веднаш пред нашиот нос. Сè што треба да направиме во овие ситуации е да се потсетиме што луѓето навистина сакаат, а што не и на тој начин без сомнение ќе ја пронајдеме нашата среќа, но ќе им помогнеме и на оние околу нас да бидат посреќни.

Што сакаат луѓето?

  • Добар однос.
  • Почитување, љубов.
  • Бескрајна среќа и млад живот.
  • Задоволства и забава.
  • Слава, пари и богатство.
  • Среќа во семејството.
  • Вкусна храна.
  • Накит, убава и модерна облека.
  • Одмор и патувања.
  • Голем имот.
  • Одлично здравје.
  • Брзо задоволување на своите желби.
  • Добар впечаток во очите на другите.

Што не сакаат луѓето?

  • Грубост, потценување, невнимание.
  • Мразење и гнев, стареење, болест и умирање.
  • Да се биде во сенка.
  • Сиромаштија и беда, гладување.
  • Лоша облека.
  • Напорна работа.
  • Постојано поминување време на едно место.
  • Мал имот.
  • Физичка болка и патење.
  • Исчекување.
  • Лош изглед.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар