Страв од билансот на сметката или страв од мерење на тежината?

Страв од билансот на сметката или страв од мерење на тежината?

Современиот начин на живот со себе носи развој на некои нови стравови, така што некои личности се плашат од губење на податоци, а други имаат страв да се качат на вага. Тим Лихоро напишал книга за модерните фобии, откако во дваесет години по трет пат му се случило да открие дека има нова фобија.

Страв од билансот на сметката или страв од мерење на тежината?

Поголемиот дел од времето не сте параноични, но страдате од современи фобии. Современите фобии го потврдуваат секое скриено сомневање дека можеби страдате од некоја чудна болест, па погледнете какви видови фобии постојат што никогаш не сте знаеле дека би можеле да ги имате.

Пердетофобија – страв од незачувани податоци

Станува збор за страв дека не сте го зачувале тоа што сте го работеле на вашиот компјутер. Обично се манифестира со краткотрајни напади на паника до моментот на притискање на копчето, проследено со ерупција на среќа и олеснување дека документот на кој сте потрошиле денови, не исчезнал неповратно.

Акрафобија – страв од биланс на сметката

Крајот на месецот и банкоматот не даваат добар резултат, па ако имате стравувања за тоа што ве чека на банкоматот пред крајот на месецот, тогаш дефинитивно страдате од акрафобијата. Лихоро верува дека оваа фобија главно се развива за време на студентските денови, па ако болеста се пренесе во следните периоди од животот, последиците би можеле да бидат многу сурови. Единствениот лек за акрафобите е да ја контролираат својата потрошувачка, што за нив е еднакво на запишување на бројот на вдишувања што ги прават на дневна или на месечна основа.

Калвофобија – страв од ќелавост

Речиси секој маж барем малку се плаши од губење на косата. Многу калвофоби минувале години во посета на фризери и велеле: „Треба само малку да се скрати“, пред да се помират со својата состојба. Постојат две решенија: омиленото чешлање на косата од едниот крај на главата до другиот или целосно бричење.

Цетеринфанофобија – страв од туѓи деца

Овој повремен страв ги напаѓа сите нивоа на општеството: самохраните родители, тие што се во брак, тие што имаат деца, тие што немаат деца итн. Цетеринфанофобија е страв од деца, но не од своите затоа што тие се совршени, туку од нечии туѓи. И вашите деца им се туѓи на другите луѓе, но вашите деца се поживи, а туѓите непристојни. Луѓето што ја имаат оваа фобија можат да бидат препознаени по вкочанетата насмевка што ја носат како оклоп додека ги напаѓа некој седумгодишник.

Абеморафобија – страв дека ќе ја промашите постојката

Ова е краткотрајна фобија што се јавува при патување и се манифестира со непријатност во стомакот и со повремена паника при излез од автобусот. Многу почеста е ноќната абеморафобија која влијае на изморените патници што доцна во ноќта само сакаат да се вратат дома колку што е можно побрзо. Се манифестира на тој начин што човекот со паника посегнува по своите работи и се упатува кон вратата секој пат кога автобусот ќе застане на постојка, без разлика дали тоа е неговата постојка или не.

Официнофобија – страв од работа

Многу луѓе страдаат од оваа фобија, а некои од нив страдаат цел живот. Стравот од работа се појавува многу често, а според едно британското истражување, огромен дел од луѓето кои играат лотарија се всушност официнофоби. Нивниот страв обично го дијагностицирале нивните родители или пријатели, а најчестиот симптом на оваа болест е лежење во кревет до попладне во текот на неделата.

Ланксофобија – страв од мерење

Некои луѓе никогаш не го прават тоа, други го прават тоа секаде. Сепак, луѓето денес многу почесто се мерат. Ланксофобите можат да се препознаат со нивното специфично движење – со балетско движење го ставаат едниот палец од ногата на вагата и нежно го поместуваат горе-долу. Откако ќе се качат на вагата, тие стојат или на рабовите или се потпираат колку што е можно повеќе настрана без да не паднат, а сето тоа е поради стравот од тоа што може да покаже вагата.

Амипартофобија – страв дека некој ќе ви ги земе пријателите

Амипартофобија е страв на делење на пријателите со некој друг. Овој страв се манифестира со физички грчеви кога луѓето го споменуваат вашите пријатели, а воопшто не ви се блиски. Некои лекари советуваат да организирате дружење каде што ќе можете да ги задржите вашите „пријатели“ колку што е можно поблиску.

Нудофобија – страв од сопственото голо тело

Стравот од голотија предизвикува пациентите секојдневно да ја менуваат облеката во темница, да претпочитаат први да легнат во кревет и секогаш да се капат во бања со меурчиња, така што ништо не може да се види од нивните голи тела. Нудофобијата е најзастапена кај средновечните мажи кои вежбаат некаков спорт.

Уште неколку фобии:

Сермофобија е страв дека некој ќе разговара со вас.

Солверофобија е страв да пуштите некој да замине.

Дуксофобијата е страв од вашиот шеф.

Јануарфобија е страв од јануари.

Визулибофобија е страв од гледање филм снимен според книга.

Експелофобија е страв од одење во тоалет во туѓа куќа.

Алтердисемофобија е страв да не пропуштите нешто на телевизија.

Можеби ве интересира и што е черофобија и дали страдате од неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар