Стегање во корсети за совршено тело: Дали е ова најопасниот тренд на денешницата?

Стегање во корсети за совршено тело: Дали е ова најопасниот тренд на денешницата?

Од ден на ден, сè повеќе млади жени се обидуваат да постигнат екстремни пропорции на телото носејќи тесни корсети. И покрај предупредувањата од докторите дека носењето корсет може негативно да се одрази на здравјето на внатрешните органи, како и да ја оштети кожата и да го отежне дишењето, сè поголем број млади девојки секојдневно се приклучуваат кон овој нов растечки тренд.

Стегање во корсети за совршено тело: Дали е ова најопасниот тренд на денешницата?

„Сакам да имам облини како Ким Кардашијан, а истовремено и да бидам слаба. Не знам дали е тоа можно, но секако мислам дека вреди за трудот. Заради тоа носам корсет по 8 часа на ден. Исто така правам клекнувања во теретана за да го зголемам задникот“, вели Габриела Дит, една од девојките која не се одвојува од ова парче облека.

Дит додава дека корсетот го носи и на часовите по физичко воспитување, бидејќи смета дека на тој начин повеќе ќе се поти и ќе го забрза процесот на слабеење, како и дека понекогаш спие со корсетот. Корсетот почнала да го носи кратко откако наполнила 16 години, а неодамна преминала на уште потесен модел.

Стегање во корсети за совршено тело: Дали е ова најопасниот тренд на денешницата?

„Кога носам корсет, толку е стегнат, што дури ни храната не стигнува до желудникот како што треба, така што не чувствувам многу глад. Јадам значително помалку, некогаш само малку салата. Но, не се грижам поради тоа. Сè што ме интересира се резултатите – мислам дека донекаде веќе успеав да го изменам обликот на својот струк. Верувам дека ако почнам сега да тренирам, моето тело во иднина, кога потполно ќе пораснам, ќе изгледа одлично. Кога ќе ставам некоја фотографија од мојот струк на социјалните мрежи, добивам многу позитивни реакции заради што самодовербата поприлично ми расте“, вели Дит.

Одредени припаднички на понежниот пол толку ги затегнуваат корсетите, што дури не можат ни да се наведнат или да седнат кога ги носат, и константно се без воздух. За да биде поефикасно, одредени модели се засилени со дебели жици.

Стегање во корсети за совршено тело: Дали е ова најопасниот тренд на денешницата?

Корсетите денес се сметаат за причина за појава на анемија, создавање на крвни грутки, несвестици, неплодност и проблеми со варењето, а оние кои ги носат патат од хлороза односно од т.н. „зелена болест“, која називот го добила по бојата на тенот кој се добива од постојаното слабеење на циркулацијата во лицето.

„Засилениот притисок на абдоменот го успорува враќањето на крвта од нозете во стомакот, што може да доведе до настанување на крвни грутчиња во нозете. Заради големиот притисок на слабите точки на стомакот, исто така може да настане хернија при која желудникот се лизга подлабоко во градниот кош. Дополнителна опасност претставува и пролапсот на матката и појавата на хемороиди“, наведува професор Базил Амори, хирург во болницата „Cheadle’s BMI Alexandra“.

Со тоа е согласна и Дијан Џејд, основач на Националниот центар за нарушувања во исхраната.

„За мене овој нов тренд е еднаков на самоповредување. Тоа е најновиот начин на кој девојките се казнуваат себеси што немаат ‘совршено тело’. Жените ги исфрлија корсетите и разните други појаси уште во шеесеттите и мислам дека е лудост повторно да се враќаат такви нешта во мода“, заклучува Џејд.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар