Ставете го палецот во уста и ќе се случи чудо: 10 факти за човечкото тело кои ги шокираат дури и докторите

Човечкото тело е неверојатно. Тоа е способно да трча маратони и да создава нив живот – работи кои навистина влеваат стравопочит кога ќе застанете и размислите за нив. Ако некогаш сте икале или ви течела крв од носот, знаете и дека човечкото тело понекогаш реагира на чудни начини. Меѓутоа, се докажало дека имаме повеќе контрола над овие настани отколку што мислиме. Погледнете што сѐ може фантастичното човечко тело.

1. Дали некогаш сте почувствувале потреба да кивнете на место на кое тоа не би било пристојно? Само ставете го прстот на филтрумот (вдлабнатина помеѓу усните и носот) и нежно притиснете. За момент ќе ја изгубите потребата за кивање.

1-stavete-go-palecot-vo-ustat-i-kje-se-sluchi-chudo-10-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-gi-shokiraat-duri-i-doktorite-www.kafepauza.mk_

2. Колкупати досега сте почувствувале агонија заради главоболката од сладолед? Следниот пат кога вашиот мозок ќе „смрзне“, испробајте го овој трик – едноставно притиснете го непцето со јазикот. Болката во мозокот се случува кога крвните садови премногу брзо ќе се рашират под дејство на ладниот оброк. Со притискање на јазикот на непцето ќе ги загреете крвните садови и ќе го сопрете смрзнувањето.

2-stavete-go-palecot-vo-ustat-i-kje-se-sluchi-chudo-10-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-gi-shokiraat-duri-i-doktorite-www.kafepauza.mk_

3. Сакате да ги допрете прстите на нозете, но не можете? Прекинете ги сите активности и прочитајте неколку реченици наназад и потоа обидете се да ги допрете прстите. Никој не знае како овој трик функционира, но ќе бидете толку импресионирани што ќе морате да го споделите со пријателите.

3-stavete-go-palecot-vo-ustat-i-kje-se-sluchi-chudo-10-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-gi-shokiraat-duri-i-doktorite-www.kafepauza.mk_

4. Ако сте го изгореле јазикот така што сте испиле врело кафе или сте пробале пица која само што била извадена од рерна, спротивставете ѝ се на потребата да ставите коцка мраз на јазикот. Наместо тоа, промешајте ладна вода во устата. Ова ќе ја отстрани топлината и болката без ефектот на „шок“ од коцките мраз.

0-

5. Затнатите синуси се вистинска мака! Ако ви е потребно брзо олеснување, наизменично притискајте го јазикот на непцето, а со прстите нежно допирајте го просторот помеѓу очите. Овој трик не функционира кај секого, но на оние кои им донел олеснување, се колнат во него.

5-stavete-go-palecot-vo-ustat-i-kje-se-sluchi-chudo-10-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-gi-shokiraat-duri-i-doktorite-www.kafepauza.mk_

6. Ако сте во бучна просторија и се борите да ја слушнете личноста покрај вас, благо свиткајте ја и притиснете ја ушната школка. Можеби не можете да ги подигнете ушите како куче, но ова ќе има сличен ефект.

6-stavete-go-palecot-vo-ustat-i-kje-se-sluchi-chudo-10-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-gi-shokiraat-duri-i-doktorite-www.kafepauza.mk_

7. Ако не можете да го запрете икањето, обидете се со овој трик – задржете го здивот, голтнете два пати, а потоа издишете. Голтањето воздух ќе ви помогне, бидејќи на тој начин ќе се ослободите од првобитните меурчиња воздух кои го предизвикале икањето.

7-stavete-go-palecot-vo-ustat-i-kje-se-sluchi-chudo-10-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-gi-shokiraat-duri-i-doktorite-www.kafepauza.mk_

8. Ако ви тече крв од носот, не навалувајте ја главата наназад. Крвта на тој начин ќе се спушти во вашето грло, што не е добро. Наместо тоа, фатете го носот веднаш над ноздрите – како што покажува доктор Харвард Левајн од Харвард – и благо навалете се нанапред. Веднаш ќе ви биде подобро.

8-stavete-go-palecot-vo-ustat-i-kje-se-sluchi-chudo-10-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-gi-shokiraat-duri-i-doktorite-www.kafepauza.mk_

9. Шмукањето на палецот можеби звучи детинесто, но постои совршено добра причина зошто и возрасните би требало да го прават тоа. Ако сте премногу анксиозни или на работ од напад на паника, ставете го палецот во устата и обидете се да го издишете воздухот преку палецот. Ова значително ќе ја смири работата на вашето срце.

9-stavete-go-palecot-vo-ustat-i-kje-se-sluchi-chudo-10-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-gi-shokiraat-duri-i-doktorite-www.kafepauza.mk_

10. Ако не можете да исфрлите некоја песна од главата, земете гума за џвакање и престанете да размислувате за музиката во вас. Понекогаш нервирањето заради „црвот во увото“ може само да ја влоши ситуацијата.

10-stavete-go-palecot-vo-ustat-i-kje-se-sluchi-chudo-10-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-gi-shokiraat-duri-i-doktorite-www.kafepauza.mk_

За тоа дека човечкото тело е навистина неверојатно, прочитајте ги и овие шокантни факти за човечкото тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар