Старата кожна софа ја претворила во нова – евтино и лесно

Една жена од Велика Британија опишала како ја преработила старата софа со помош на сива боја за кожа и мат лак за финиш и сега таа изгледала како нова.

Старата кожна софа ја претворила во нова - евтино и лесно

Таа ги пронашла советите на Фејсбук и ја објавила трансформацијата на софата со слики „претходно“ и „сега“.

Старата кожна софа ја претворила во нова - евтино и лесно

Изјавила дека првпат прави нешто такво и дека ѝ се допаднала оригиналната боја на софата, но таа не одговарала на боите во новиот дом, но имала и потреба од промена. Исто така, кажала и дека го добила креветот бесплатно преку Интернет и потрошила само 2200 денари за материјалот (сива боја за кожа и мат лак за премачкување на кожата).

Жената ја открила и самата процедура на обновување на ваквиот тип мебел:

  1. Прво, целиот кревет го премачкала со алкохол користејќи крпа или сунѓер за да се отстранат масните дамки и нечистотиите и сите наслаги насобрани врз кожата.
  2. Таа изјавила дека ја повторила постапката неколкупати затоа што тоа е исклучително важен чекор за да се добијат што поквалитетни и подобри резултати. Ако првиот чекор не се изведе правилно, тогаш постои ризик од нееднаквост на слоевите боја.
  3. Користела четка за бојадисување на дупките и наборите, како и минијатурен валјак за останатите делови од софата. Тоа не ѝ одзело многу време.
  4. Почекала еден ден, а потоа нанела уште еден слој боја. Потоа, повторно почекала еден ден пред да го нанесе лакот.
  5. Избрала мат боја, без сјај, бидејќи мат мебелот, според неа, изгледа полуксузно и поскапо. Во следниот чекор го пребришала креветот со микрофибер крпа и го исушила со фен за коса.
  6. Потоа го нанела и втор слој лак, па трет. Оставила и лакот добро да се суши два-три дена и така добила нов изглед на софата.

Можеби сакате да дознаете и како едни најдобри пријатели изградиле сопствен мини-град со цел да остарат заедно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар