Срцепарателна приказна: Животните лекции на 24-годишно момче коешто умира од рак, ќе ви ги отворат очите и ќе ве замислат

Нашите животи постојано се менуваат. Во еден момент сме здрави и полни со живот, во наредниот веќе може да не сме повеќе дел од овој свет. Едно од најболните искуства во животот е кога ненадејно ќе почине некој член на семејството или близок пријател. Смртта секого го изненадува на многу застрашувачки и изненадувачки начин, особено кога не ни знаеме и очекуваме дека такво нешто може да се случи. Во ваквите ситуации, луѓето најчесто целосно ја менуваат перцепцијата за нештата за кои е навистина важно да се грижат во животот и нештата коишто едноставно се неважни и нè оддалечуваат од живеењето на сегашниот момент на среќа, кој може да е последен.

Срцепарателна приказна: Животните лекции на 24-годишно момче коешто умира од рак, ќе ви ги отворат очите и ќе ве замислат

Дали сметате дека е толку важно да се жалите за тоа колку е мизерен вашиот живот во моментов? Веројатно не е.

Дали треба да поминете повеќе време со блиските луѓе во вашиот живот? Веројатно, да.

Дали треба да го цените секој момент, целосно искусувајќи го ова магично нешто таканаречено живот? Апсолутно!

Доколку ви е потребна мала помош за да ја развиете оваа перспектива на животот, прочитајте ја оваа порака споделена од страна на едно 24-годишно момче, на неговиот профил на Редит коешто е на својата смртна постела. Таа ќе ви помогне да го отворите вашиот ум и ќе ви овозможи да го живеете секој ден од животот, со повеќе значење и цел.

Наскоро, јас ќе си заминам од овој свет засекогаш, но тоа е во ред, сè додека некој го прочита ова:

Јас имам само 24 години, но веќе ја имам одбрано последната вратоврска којашто ќе ја носам во животот. Таа ќе ја облечам по повод мојот погреб, којшто ќе се случува за неколку месеци од денес. Можеби нема да оди совршено во комбинација со мојот костим, но мислам дека е идеална во согласност со приликата.

Мојата дијагноза за рак се откри предоцна и не ми овозможи ниту минимална надеж за долг живот. Но од ова искуство, сфатив дека најважната работа во врска со смртта е да си осигурите дека ќе го оставите овој свет малку подобар, отколку што бил пред вашите придонеси. Начинот на којшто го живеев мојот живот досега, самото мое постоење и уште поточно, губењето на мојот живот, нема да направат голема разлика бидејќи јас го живеев мојот живот, без да направам ништо значајно.

Во минатото, имаше толку многу нешта коишто го окупираа мојот ум. Кога дознав колку малку време ми преостанува, ми стана кристално јасно кои нешта се навистина важни. Денес, ви пишувам поради себични причини затоа што сакам да му дадам вредност на мојот живот, со тоа што ќе го споделам со вас она што го сфатив во врска со него:

Не го трошете вашето време на работење работа, во којашто не уживате. Очигледен е фактот дека не можете да успеете во нешто, коешто не ви се допаѓа. Трпението, страста и посветеноста доаѓаат многу лесно, кога го сакате она што го правите.

Навистина е глупаво да се плашите од испробување други опции. Стравот ве прави слаби и ве парализира. Доколку му дозволите да ве надвладее, тој секој ден ќе расте сè повеќе и повеќе и ќе стане толку лошо, што еден ден од вас може да не преостане ништо друго, освен една телесна обвивка. Чујте го вашиот внатрешен глас и водете се според него. Некои луѓе може да ве нарекуваат луди, но други може да мислат дека сте вистинска легенда.

Преземете контрола врз вашиот живот и нештата коишто ви се случуваат. Ограничете ги вашите лоши навики и обидете се да живеете поздрав живот. Пронајдете спорт којшто ќе ве прави среќни. Најбитно од сè, немојте да ги одложувате обврските. Дозволете му на вашиот живот да се обликува во согласност со одлуките што сте ги донеле вие, а не според оние коишто ги направиле другите.

Ценете ги луѓето околу вас. Вашите пријатели и роднини секогаш ќе ви бидат неограничен извор на сила и љубов. Токму поради тоа, никогаш не треба да ги земате здраво за готово.

Тешко ми е целосно да ги искажам моите чувства во врска со важноста на овие едноставни сознанија, но се надевам дека ќе послушате некој којшто искусил на своја кожа, колку е времето драгоцено.

Не сум вознемирен, бидејќи сфаќам дека последните денови од мојот живот станаа значајни. Единствено за коешто ми е криво, е што нема да имам можност да видам многу кул ствари коишто наскоро ќе се случуваат, како што се на пример развојот на вештачката интелигенција или следниот неверојатен проект на Илон Маск. Исто така, се надевам дека војните во светот, наскоро ќе завршат.

Ние луѓето, толку многу се грижиме за здравјето и интегритетот на нашето тело, што до нашата смрт, не ни забележуваме дека тоа не е ништо повеќе од една кутија, односно парцела на којашто живее нашиот карактер, мисли, верувања и намери во овој свет. Доколку во таа кутија нема ништо коешто може да го промени овој свет, тогаш не е важно ако веќе не постои. Верувам дека во секој од нас има потенцијал, но потребна е голема храброст за тој да се реализира.

Вие можете да одберете да „пловите“ низ живот креиран од надворешните околности коишто се случуваат и притоа да пропуштате вистински да живеете во секој ден и час од животот. Наместо тоа, можете да се борите за она во коешто верувате и да напишете одлична приказна од вашиот живот. Се надевам дека ќе го направите вистинскиот избор.

Оставете печат во овој свет. Живејте значаен живот, без разлика која е вашата дефиниција за тоа. Движете се во правилната насока за да го реализирате. Местово на коешто живееме е едно прекрасно игралиште, на коешто сè е возможно. Но, сепак нема да бидеме на него вечно. Нашите животи се само една кратка искра во оваа прекрасна планета, којашто се движи со неверојатна брзина, сè додека не стигне до бесконечната темнина на непознатиот универзум. Токму поради тоа, не заборавајте да уживате во вашето време коешто го имате тука, со силна страст. Направете го вашиот привремен престој интересен. Направете вашиот живот да вреди!

Ви благодарам!

Секој од нас е свесен дека времето на оваа планета ни е ограничено. Битното прашање е дали го живеете животот како да е со ограничено време или едноставно безначајно го трошите?

Може да ве интересираат и најкратките приказни на светот кои ќе допрат до вашето срце.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар