Специфични податоци кои ќе ве изненадат
- На својата смртна постела Алберт Ајнштајн ги кажал своите последни зборови, но медицинската сестра која била до него, не разбирала германски јазик.

- Нобеловата награда настанала како резултат на последната желба на Алфред Нобел, кој не сакал по неговата смрт да биде запаметен како пропагатор на насилство – тој го измислил динамитот.

- Кафето е вториот најпродаван артикл во интернационалната трговија во светот. Првиот најпродаван производ е бензинот.

- На секое 20-то бебе, само едно е родено на денот кој го предвидел докторот.

- На 15 април 1912, бродот Титаник потонал при неговата прва пловидба кога над 1 500 луѓе се удавиле. 14 години пред фаталната несреќа бил објавен романот „Бродоломот на Титан“ од писателот Морган Робертсон, во којшто изгледало како тој да ја предвидел несреќата. Во книгата е опишан брод со слична големина како Титаник, кој удира во санта мраз на своето прво патување во магловита априлска вечер. Фиктивниот брод на Робертсон во романот бил наречен Титан.

- Додека учел на универзитетот Хавард, поранешниот американски сенатор Едвард Кенеди, бил суспендиран поради мамење на тест по шпански јазик.
- За мажите од Античка Грција било прилично вообичаено и нормално да вежбаат голи во јавност.

- Урината во минатото била користена за перење алишта.
- Исланд е најстарата развиена демократија во светот.
- На годишно ниво, повеќе пари се трошат на алкохол и цигари, отколку на животно осигурување.

- Во аркадната игра Пакман има точно 240 бели точки кои треба да ги лапнете за да го поминете нивото.

- 14 милиони луѓе биле убиени во Првата светска војна, а 20 милиони умреле од епидемичен грип во текот на наредната година по завршувањето на војната.
- Магичниот збор „абракадабра“ првенствено бил наменет за лекување на алергија од поленов прав.

- Луѓето кои живеат во Сибир, млекото обично го купуваат на стапче во замрзната состојба.
- Двата најдобри резултати постигнати на стандарден тест за интелигенција припаѓаат на две жени.
- Лебот пресечен на резанки го патентирал златарот Ото Роведер, во 1928 година. Тој работел на тоа цели 16 години, започнувајќи од 1912 година.

- Во текот на галопирачката инфлација во 20-тите години на минатиот век, 4 000 000 000 000 000 000 германски марки вределе колку 1 американски долар.

- Џорџ Вашингтон одгледувал марихуана во неговиот двор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
