Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Доколку знаете точно каков вид авантура сакате, тогаш многу е лесно да го одберете совршеното место на оваа планета за вас. Но, доколку не сте сигурни, за да ви помогнеме полесно да одлучите, погледнете ги следниве 8 земји кои имаат најдобра временска прогноза за сите вкусови…

Најдобра температура

(1) Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Еквадор е земја во која владее вечна пролет бидејќи дневните температури во оваа земја која се наоѓа во Јужна Африка се задржува на пријатните 24 степени. Бонус: Поради близината на екваторот, тука можете секогаш да уживате во прекрасно сончево време.

Најмногу сончеви часови

(2) Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Аризона, држава која се наоѓа во Америка, е најпозната по големиот број сончеви часови. Според Гинисовата книга на рекорди, градот Јума е најсончевиот град во светот со 4.000 сончеви часа годишно, односно 11 сончеви часа дневно. Милина.

Најмалку дожд

(3) Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Намибија во просек е држава со најмалку дожд. Жителите на Свакопмунд секоја година гледаат по помалку од 2,5 сантиметри дожд на метар квадратен, додека дневните температури во овој град во просек се движат околу 20 степени.

Најдобра влажност на воздухот

(4) Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Метеоролозите сметаат дека 50% релативна влажност на воздухот е оптимална. Иако во Кипар температурата може да се искачи високо, поради близината на океанот воздухот секогаш останува свеж и пријател.

Најубав снег

(5) Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Ако сте личност која сака да скија, тогаш Јапонија е совршено место за вас. Географската положба, близината на океанот и надморската висина ја прават оваа азиска островска земја една од најснежните во светот.

Најмалку ветер

(6) Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Демократската Република Конго е една од метеоролошки најмирните земји на светот бидејќи има најнизок просек на ветровито време.

Најубаво ѕвездено небо

(7) Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Канарските острови кои се наоѓаат покрај брегот на Западна Африка имаат неверојатно ѕвездено небо. Токму затоа и воопшто не нè чуди што во Националниот пар Табуриенте има голем број телескопи кои се совршени за набљудување на небесните тела.

Најчист воздух

(8) Совршено патување: 8 земји со најдобра временска прогноза

Исланд има многу шуми кои играат огромна улога во природното филтрирање на воздухот, како и цврсти закони за загадувањето и мал број жители распространети на голем простор. Токму затоа и не е чудно што се гордеат со најчистиот воздух на светот. Таму вие навистина можете да дишете лесно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар