Смртно болни деца кажуваат што е навистина важно во животот

Во денешното општество, брзаме во текот на целиот наш живот. Без разлика дали го минуваме времето работејќи со цел да ги платиме сметките, или седиме и гледаме телевизија, навистина е лесно да заборавиме што е навистина важно во овој свет.

Педијатарот Алистер Мекалпин од Кејптаун, Јужна Африка повеќе не можел повеќе да ја гледа негативноста, па одлучил да сподели нешто навистина инспиративно. Бидејќи работел за непрофитната организација „PaedsPal“ тој го поминувал секој ден грижејќи се за деца со смртни болести или болести опасни по живот. Неодамна тој решил да ги праша неговите смртно болни пациенти во што уживале најмногу во текот на животот и ги споделувал нивните одговори на Твитер.

„Замолив некои од моите смртно болни пациенти да ми кажат во што уживале во текот на животот и што им давало значење. Знаете, децата можат да бидат навистина мудри.“

Одговорите се мудра и убава рефлексија што ќе ве натера да размислите како го минувате вашето скапоцено време. Алистер забележал дека ниту едно од децата не посакувало да поминува повеќе време гледајќи телевизија или на Фејсбук.

За многумина најважни биле животните

Смртно болни деца кажуваат што е навистина важно во животот

„Го сакам Руфус. Неговото смешно лаење прави да се смеам.“

„Сакам кога Џини ќе легне до мене навечер и почнува да преде.“

„Најсреќен бев кога го јавав Џејк на плажата.“

Сите сакале да им раскажуваат приказни, особено родителите

Смртно болни деца кажуваат што е навистина важно во животот

„Хари Потер направи да се чувствувам храбро.“

„Сакам приказни за вселената!“

„Сакам да бидам детектив како Шерлок Холмс кога ќе ми биде подобро.“

Сметале дека плажата е посебно место

Смртно болни деца кажуваат што е навистина важно во животот

„Сакам големи песочни замоци!“

„Навистина е возбудливо да бидете во морето со брановите. Очите воопшто не ме болеа!“

Децата ги ценеле луѓето кои не им судат

Смртно болни деца кажуваат што е навистина важно во животот

„На моите вистински пријатели не им беше грижа што ми падна косата.“

„Џејн дојде да ме посети по операцијата и не ја ни забележа лузната.“

И саканите што биле добри и со смисла за хумор

Смртно болни деца кажуваат што е навистина важно во животот

„Баба ми е толку добра кон мене. Секогаш ме насмевнува.“

„Татко ми прави смешни изрази со лицето што навистина ги сакам!“

„Џони ми даде половина од неговиот сендвич кога не го јадев мојот. Тоа беше навистина добро.“

Најважно од сè е семејството

Смртно болни деца кажуваат што е навистина важно во животот

„Мајка ми и татко ми се најдобри!“

„Сестра ми секогаш ме прегрнува цврсто.“

„Никој не ме сака како мама!“

Биле загрижени како родителите ќе се справат со загубата

Смртно болни деца кажуваат што е навистина важно во животот

„Се надевам дека мама ќе биде во ред. Изгледа тажно.“

„Тато не треба да се грижи. Наскоро ќе ме види повторно.“

„Бог ќе се грижи за мама и тато кога ќе ме нема.“

На крајот Алистер споделил порака за неговите следбеници:

„Бидете добри. Читајте повеќе книги. Минувајте време со вашето семејство. Кажувајте шеги. Одете на плажа. Прегрнете го вашето куче. Кажете ѝ на посебната личност дека ја сакате. Ова се нештата што децата сакаат да ги правеле почесто. Сè останато се детали.“

Дознајте за што најмногу се каат луѓето на смртна постела.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар