Сите девојки се разочарани во нивните 20-ти години
Читателките на магазинот „Glamour“ имале прилика да пополнат анкета во која се работи за турбулентните случувања и искушенија низ кои поминале во текот на нивните 20-ти години од животот. Прашањата се однесувале на теми како што се излегувањата, сексот, нивните финансии и односот спрема алкохолот. Резултатите биле запрепастувачки:

Од вкупно 3.600 читателки кои ги одговориле прашањата од анкетата, 72% рекле дека се каат за барем една личност со којашто се забавувале во нивните 20-ти, додека 77% посакуваат никогаш да не искуселе врска за една вечер.
На 30 отсто од испитаните читателки им било премногу срам да признаат дека спиеле со маж додека биле пијани, додека 54% имале незаштитен секс, па 12% добиле полово преносливи болести, а 61% после тоа морале да направат абортус или познавале некоја девојка која морала тоа да го стори.

Кога станува збор за љубовните врски, 18% од жените мислеле дека во нивните дваесетти години ќе имаат значително повеќе секс отколку што навистина имале, додека 28% жалат што останале во нивната врска, само поради удобноста и сигурноста која таа им ја овозможувала.
Кога е во прашање иднината, 45% од нив мислеле дека ќе ја работат нивната работа од соништата, додека 44% жалат поради тоа што не откриле навреме, со што сакаат да се занимаваат во животот.
Шокантен е податокот дека 20% од жените признале дека се обиделе да ја работат нивната работа додека биле пијани. Алкохолот е кривец и за ред други проблеми. 70% од жените рекле дека сториле нешто коешто никогаш не би го направиле, доколку не пиеле алкохол.
Повеќе од половина, односно 55%, се каат што не биле посамоуверени на работното место и 28% се каат што не се искажале на претпоставениот кога сметале дека треба да им се покачи платата или да добијат унапредување на позицијата.
Во однос на финансиите, 61% трошат повеќе одошто заработуваат, од кои 38% одат во минус на сметката за да преживеат. 46% немаат ништо заштедено, а 69% чувствуваат притисок да бидат финансиски независни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
