Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко дело

Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко дело

Автор: Весна Јовановска

Дали би прифатиле ваков предизвик? Дали би украле, ако знаете дека добро ќе се „офајдите“, а за тоа нема да одговарате пред законот? Или да речеме дека копнеете по нечија уметност, а таа може да биде ваша единствено ако ја украдете. Не да ја купите, не да ја освоите, туку буквално да ја украдете.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоТаква чудна можност нуди синџирот хотели „Art Series“. Ги повикува гостите за момент да се претворат во вешти крадци на оригиналното уметничко дело „No Ball Games”, вредно 15 илјади долари. Делото е на мистериозниот и контроверзен британски цртач на графити, Бенкси и во моментот виси на ѕид во еден од хотелите.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоВо предизвикот наречен „Укради го Бенкси“ ќе може да се вклучи секој што ќе одлучи да преноќи во хотелите на „Art Series“. Ако успее да ја пронајде сликата и да ја симне од ѕидот без да биде забележан, ќе може и да ја задржи. Но, ако некој го види додека се обидува да ја изврши кражбата, тогаш ќе мора да ја врати назад и да се задоволи единствено со остатокот од удобниот престој во хотелот.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоОваа несекојдневна идеја на „Naked Communications“ која гласи „Остани ноќта, укради го делото“ е маркетиншки трик за привлекување гости во „Art Series“,  кој располага со три објекти во овој стил, лоцирани  во Мелбурн.  Делото ќе ротира во секој од нив, сè додека некој од гостите не го украде. Можност да станат негови сопственици ќе имаат цели три месецa.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоЗа идентитетот на авторот на делото Бенкси, засега само малку се знае. Тој е еден од најпознатите улични уметници, кој работи под псевдоним. Роден  е во 1970 година во Бристол, Англија и до ден денеска црта во сенка. Познато е дека бил обучуван за касап и дека најверојатно е син на сервисер за фотокопири, а со овој вид уметност почнал да се занимава откако му се приклучил на графичкиот бум во 80-те. Во еден од извештаите на Би-Би-Си, кој се однесувал на графитите, Бенкси бил наречен „уметнички терорист“.Синџир хотели во Австралија ги предизвикува гостите да украдат уметничко делоИнаку, групацијата хотели „Art Series“, овој маркетиншки потег одлучила да го реализира мотивирана од еден инцидент поврзан токму со уметноста на Бенкси. Се работи за кражба во која бил откорнат дел од ѕид со негов графит, а кој подоцна бил продаден преку E-Bay за 20 илјади фунти. Дополнителен мотив било и тоа што во Австралија кражбите се вистинска реткост. Во некои ресторани, со  цел да привлечат внимание и гости, сопствениците нуделе пари за успешна кражба во просторијата.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Pingback: You’re Now Free to Steal Banksy’s Art From Art Series Hotels

Остави коментар