Што сонуваат кучињата? Нивните соништа ќе ви го стопат срцето!

Што сонуваат кучињата? Нивните соништа ќе ви го стопат срцето!

Сите што чуваат куче знаат како изгледа нивното сакано милениче додека спие и забрзано ги движи шепите како да брка замислена мачка. Но, што навистина сонуваат кучињата? Дали ја сонуваат нивната омилена храна или, пак, омилена играчка? Можеби сепак сонуваат како бркаат мачка?! Научниците од Харвард конечно го најдоа одговорот на ова интересно прашање.

Што сонуваат кучињата? Нивните соништа ќе ви го стопат срцето!

Според најновите истражувања, кучињата многу често ги сонуваат луѓето за кои се најмногу приврзани, односно нивните сопственици. Ова е објаснувањето на доктор Диадри Барет:

„Луѓето сонуваат за она што најмногу ги загрижило во текот на денот, но во многу нејасна и нелогична форма. Не постои причина да веруваме дека животните се поразлични. Имајќи го на ум фактот дека кучињата можат многу да се приврзат за луѓето, постои голема веројатност кучето да го сонува вашето лице, мирис и начинот на кој ве прави среќни. Од друга страна, пак, кучето може да сонува дека прави нешто што ве нервира“, објаснува Барет.

Што сонуваат кучињата? Нивните соништа ќе ви го стопат срцето!

Сосема очекувано е тоа што луѓето не останаа рамнодушни кога дознаа за ова откритие. Сопствениците на кучиња почнаа да објавуваат фотографии од нивните миленици како спијат придружени со емотивни коментари. Многумина беа толку трогнати што не можеа да ги задржат солзите! Можеме да ги разбереме. Сознанието дека вашето куче ви е максимално посветено дури и кога спие може да го стопи и најледеното срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар