Што го прави животот добар: Лекции од најдолгото истражување за среќата

Среќата не е гарантирана за никого бидејќи нели, светот не е фабрика за исполнување желби. Со векови сме ја барале среќата во материјалните нешта, парите, славата, богатството и слично. Дури и денес кога ќе прашате некого што му треба за да биде целосно среќен, ќе добиете одговор како многу пари или слава. Иако овој одговор ни изгледа прифатливо, психијатарот Роберт Џ. Валдингер не се согласува.

Што го прави животот добар: Лекции од најдолгото истражување за среќата

Роберт дипломирал на Харвард и станал одговорен за најдолгото истражување за среќата на возрасните. Во истражувањето учествувале 724 мажи, а тоа траело последниве 75 години.

Испитаниците биле поделени во две групи. Првата била од мажи кои дипломирале на Харвард во 1930-тите, а втората од мажи од ист период, но кои биле проблематични деца од сиромашниот дел на Бостон.

Психолошките истражувања ретко се одвиваат олку долго, но ова преживеало и тоа благодарение на генерациите академици кои не се откажале, но и испитаниците кои останале во контакт.

Доктор Роберт објаснил дека истражувањето е центрирано околу среќата. Што е она што нè прави среќни? Што ги исполнува нашите животи и ни дава мир на душата?

Тој изјавил дека долготрајната среќа се крие во врските што ги делиме со другите луѓе во нашите животи. Истражувањето дало навистина јасни резултати – мажите кои имале посилни, поисполнети врски со другите луѓе, биле посреќни за разлика од оние кои немале вакви врски. Истражувањето покажало дека мажите кои имаат среќен брачен живот не само што се посреќни, туку и живеат подолго. Човекот е социјално битие, па кога му се исполнети потребите и кога се чувствува сакано се наоѓа на подобро место, и емоционално и физички.

Мажите од истражувањето коишто се држеле до себе и коишто станале жртва на изолацијата се покажало дека постојано биле незадоволни и несреќни. Можеби биле во брак, но во тој брак немало многу хармонија и бил извор на повеќе емоционален хаос.

Среќата не е исход од тоа што сте цело време со луѓе. Таа е резултат на квалитетните врски и опкружувањето со луѓе кои знаете дека секогаш се овде за вас. Можеби мислиме дека парите би ни ги решиле сите проблеми, но на крајот она што навистина ни е потребно е љубов и неколку добри зборови од луѓето што ги сакаме.

Прочитајте ги и најкратките совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар