Што е најслаткото нешто што ви го кажало вашето дете? Овој одговор ќе ви го стопи срцето!

Децата никогаш нема да престанат да нè изненадуваат и тоа е одлично бидејќи така на сите ни го прават животот поинтересен. Некој корисник на сервисот Quora го поставил прашањето: „Што е најслаткото нешто што ви го кажало вашето дете?“, а одговорот од еден човек ќе ви го стопи срцето.

Што е најслаткото нешто што ви го кажало вашето дете? Овој одговор ќе ви го стопи срцето!

Професорот по физика Ричард Мулер решил да го изведе експериментот со манчмелоу врз неговата 3-годишна внука, а резултатите биле нешто што навистина не го очекувал. Тестот се користи за да се измери колку детето ќе биде успешно понатаму во животот, а внуката на овој професор не само што го поминала туку и несомнено покажала дека има големо срце.

Прочитајте ја приказната…

„ОК, не се работи за моето дете туку за мојата внука, но сепак се важи.

Имав читано за тестот со манчмелоу. Му даваш на дете едно манчмелоу и доколку тоа (во случајов Лејла) успее да му одолее 10 минути, ќе добие уште едно.

Го испробав експериментот со внука ми, само што наместо манчмелоу користев чоколадо што таа многу повеќе го сака.

Според обемните истражувања, децата кои ќе го „положат“ тестот, потоа стануваат многу поуспешни во животот.

Тие ја научиле фундаменталната вистина на животот дека одложеното задоволство може да доведе до многу подобар и подолгорочен исход.

Таа седеше и го гледаше чоколадото. 10-те минути конечно поминаа, таа успеа. Потоа ми го побара второто чоколадо.

Ѝ го дадов и сега таа имаше две во рацете. Седеше така, а потоа ме погледна и ми рече: ‘Сакаш едно дедо?’

Не мора да потенцирам дека после ова би си го дал и животот за неа.“

Што е најслаткото нешто што вие сте го чуле од вашите деца? Би го пробале овој експеримент со нив?

Прочитајте ги и овие урнебесни детски изјави што ги засрамиле нивните родители во јавност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар