Шаманите веруваат дека менталните болести се нешто сосема поразлично од она што мислиме

Шаманите веруваат дека менталните болести се нешто сосема поразлично од она што мислиме

Шаманот Малидома Патрис Соме од Западна Африка има поинакво мислење за менталните болести за разлика од луѓето во западниот свет. Воглавно, ние се фокусираме на патологијата и на идејата дека однесувањето на оние дијагностицирани со некое ментално нарушување е нешто што треба да престане.

Шаманите веруваат дека менталните болести се нешто сосема поразлично од она што мислиме

Доктор Соме смета дека она што го нарекуваме депресија, биполарност, психоза и шизофренија можеби е неверојатна трансформација на свеста и неизбежен чекор кон човечкиот развој.

Доктор Соме и луѓето Дагара го поддржуваат шаманското мислење дека менталните болести се знак за раѓање на исцелител. Тие веруваат дека овие личности се одбрани како медиуми со порака за заедницата. Она што ние го гледаме како ментална болест, луѓето Дагара го гледаат како добри вести од другиот свет.

„Менталните нарушувања и нарушувањата во однесувањето сигнализираат дека две некомпатибилни енергии се нашле во исто поле. Проблемите настануваат кога личноста не ја добива помошта за справување со енергијата од духовната димензија.“

По првата посета на доктор Соме на САД во 1980-та година, тој се соочил со тамошното справување со менталните болести. Тој бил вчудовиден кога сфатил дека пациентите во психијатриските установи покажувале исти симптоми како луѓето од неговото село.

„Значи на овој начин исцелителите кои се обидуваат да се родат се третирани во оваа култура. Каква загуба! Голема загуба е залудно да се потроши моќта на личноста која конечно се поврзала со моќ од другиот свет.“

Тој изјавил и дека западниот свет не знае како да се справи со постоењето на натприродните феномени и духовниот свет. Кога овие енергии се спојуваат, личноста која не може да сфати што се случува е обележана како „луда“ и добива голема доза лекови кои ја потиснуваат духовната еволуција.

Шаманите исто така можат да видат „битија“ кои се појавуваат во присуство на овие луѓе. Викањето од страна на пациентите во менталните установи му покажало на доктор Соме дека битијата се обидувале да го ослободат телото од лекарствата, додека болката во тој процес се зголемувала.

Во традицијата на луѓето Дагара, овие личности се гледаат како мост помеѓу духовниот и физичкиот свет, а заедницата им помага да се справат со спојувањето на двата света. Ако не го направат ова, раѓањето на исцелителот пропаѓа и останува нарушувањето на енергијата. Соме ја опишува шизофренијата како „примање слики и информации што не може да се контролира“.

„Кога се случува ова во време што не е лично избрано, особено кога сликите се страшни и нејасни, личноста полудува.“

Шаманите ги отстрануваат страните енергии од аурата на личноста користејќи техника позната како „чистење“. Ова ја смирува духовната енергија што се прима и ја смирува личноста. Потоа шаманите ја порамнуваат енергијата на духот што се обидува да дојде од другиот свет и на овој начин се раѓа исцелителот. Блокирањето на ова создава проблеми и ја влошува ситуацијата. Во случаи кога енергијата е негативна и не е за исцелување, шаманите ја отстрануваат од аурата наместо да ја порамнат со неа.

Додека бил во САД, доктор Соме се заинтересирал дали неговите техники можат да се применат на сите пациенти. Со согласност, тој земал 18-годишно момче со ментално нарушување во неговото село во Африка. По 4 години хоспитализација, халуцинации и депресија, родителите на момчето веќе не знаеле што да направат, па биле вчудовидени кога доктор Соме успеал да го излечи за само 8 месеци. Момчето живеело во селото уште 4 години како исцелител пред да се врати во САД и да продолжи со студиите по психологија на Харвард.

„Тој откри дека сите нешта што требаше да ги направи беа направени и потоа продолжи со својот живот“, изјавил доктор Соме.

Еден од даровите што шаманите можат да го донесат на Запад е помош во откривањето на духовната гледна точка која е навистина неопходна. Прифаќањето на духовниот свет го намалува ризикот од стрес кој потекнува од фактот дека личностите „се повикани од битија од другиот свет со цел да соработуваат“.

Доктор Соме смета дека некои од духовите кои сакаат да преминат може да се предци кои се обидувале да го исцелат она што не стигнале додека биле живи. Доктор Соме смета дека духовниот пристап кон менталните болести отвора многу можности и може да го промени животот на пациентот.

Прочитајте ги и овие совети од шамани што можат да ви помогнат во секојдневниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар