Сè што мислиме дека знаеме за зависностите е погрешно

Сè што мислиме дека знаеме за зависностите е погрешно

Што мислите, што ја предизвикува зависноста од хероин? Можеби ова ќе ви звучи како глупаво прашање со едноставен одговор. Хероинот предизвикува зависност, би одговориле. Доколку користите хероин 20 дена по ред, до 21-от ден вашето тело веќе физички ќе почне да го бара поради хемикалиите кои предизвикуваат зависност во него. Тоа е дефиницијата на зависност. Но, тоа не е сè. Изгледа скоро сè што знаеме за зависноста е погрешно.

Сè што мислиме дека знаеме за зависностите е погрешно

Со години, за појавата на зависност се обвинувале хемикалиите кои ги навлекувале корисниците на употреба за кратко време. Но, денес многу научници почнуваат да веруваат дека луѓето стануваат зависни од дрога поради своето негативно животно искуство, а не поради хемикалиите кои таа ги содржи. Токму затоа и тие сметаат дека наместо да се затвораат овие луѓе помеѓу 4 ѕида, многу е важно да се научат како повторно да се прилагодат на општеството.

Нашето сегашно знаење за зависноста доаѓа од серија истражувања кои вклучувале стаорци. Стаорците се поставувале во кафез каде што биле поставени две шишиња со вода вода – едно со обична вода, а друго со вода во која имало хероин или кокаин. Во сите случаи стаорецот пиел од водата со дрога, секојдневно зголемувајќи ја дозата додека еден ден не се предозира и умре. Но, овој експеримент имал еден проблем – сите овие стаорци биле сами.

За да го тестираат влијанието на присуството на други стаорци, научниците изградиле парк за стаорци кој на некој начин бил рај за овие животни. Таму имало најразлични методи за забава, како и многу пријатели со кои тие можеле да си играат, како и потенцијални партнери за секс. Двете шишиња вода повторно биле поставени, но само мал број стаорци ретко решавале да се напијат од водата со дрога и ниту еден од нив не се предозирал до смрт. Што ни кажува тоа? Погледнете го следново видео кое покажува една сосема нова слика за зависностите и начинот на кој луѓето функционираат…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар