Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter)

Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter)

Последниот ловец на вештерки е сè што стои помеѓу човештвото и моќите на најзастрашувачките вештерки во историјата

(1) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter)Режија: Брек Еиснер

Улоги: Вин Дизел, Роуз Лесли, Илајџа Вуд, Мајкл Кејн

Времетраење: 106 минути

Јазик: англиски

Премиера: 23 октомври 2015

Жанр: акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 8,44 од 10)
Loading...

Модерниот свет содржи многу мистерии, но една од најневеројатните тајни е дека вештерките сè уште живеат меѓу нас. По паѓањето на кралицата вештерка пред околу 800 години и формирањето примирје помеѓу луѓето и оние кои поседуваат магија, Колдер (Вин Дизел) е последниот човек кој има способност да го одржува овој мир. На прв поглед тој делува како и секој друг човек кој живее во денешниот брз свет, но брзо ќе откриете дека тој е многу повеќе.

(2) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter) (3) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter)

Во последната борба со кралицата вештерка која сакала целосно да го уништи човештвото и да ја врати планетата на оние низ чија крв тече магија, Колдер успеал да ја победи, но во моментите пред да умре, таа го проколнала на вечен живот. Токму затоа тој ја посветил својата вечност во одржување на овој мир, решен никогаш повторно да не дозволи да се врати темната магија која за малку ќе значела крај на човештвото.

(4) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter) (5) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter)

Станува збор за интересен филм, со неверојатни специјални ефекти кои ќе ве одведат во еден сосема нов свет кој постои во рамките на модерниот живот. Во текот на 106-те минути додека трае овој филм, вие ќе откриете дека ништо не е онака како што изгледа и дека мистериите ѕиркаат од зад секој темен агол. Вин Дизел има улога која е типична за него и која едноставно му лежи на неговиот изглед, додека младата и талентирана Роуз Лесли успева да го следи во секој чекор, заедно формирајќи одлично филмско дуо. На кратко, одличен филм за својот жанр.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар