Самокритиката влијае врз нашиот ум и тело: Докажано е дека негативните искуства се поважни од успехот!

Резултатите од едно големо психолошко истражување покажале дека луѓето ги сметаат негативните искуства за поважни отколку што тие навистина се, па затоа се позасегнати од нивните недостатоци отколку од успесите.

Самокритиката влијае врз нашиот ум и тело: Докажано е дека негативните искуства се поважни од успехот!

Тие го истражувале природно негативниот став на луѓето кон себе и дошле до заклучок дека еволуцијата дошла до тој стадиум во кој нашите негативни искуства и грешки ги сметаме за поважни од успесите.

Според д-р Ричард Дејвидсон, основач и директор на Центарот за психолошко здравје на Универзитетот во Висконсин самокритиката влијае на нашиот ум и тело.

Со текот на еволуцијата, луѓето ги сметаат неуспесите, грешките и пропустите за поважни од успесите, објаснува тој. Тој додава дека таквиот начин на размислување може да влијае на нашата продуктивност и нашите тела, предизвикувајќи разни воспаленија, хронични заболувања и забрзување на процесот на стареење.

Сепак, ова не е крај на приказната, бидејќи самокритиката може да се претвори во можност да се направи нешто што може да придонесе за личен напредок. На прашањето зошто сме толку строги со самите себеси, научниците објаснуваат дека кога грешиме активиравме механизам што ја придружува работата и однесувањето на нашиот ум. Токму тоа ни помага да ги забележиме нашите грешки и неуспеси. Во некои случаи, кога нашиот интегритет е компромитиран, од суштинско значење е нашиот ум кој расудува што е важно, а што не е и што е добро, а што лошо, бидејќи тој може да направи разлика.

Можеби сакате да прочитате и за едно интересно истражување: Што открива за вас вашата насмевка?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар