Само еден поглед на овој цртеж од 1888 ќе ви каже каква личност сте

Се работи за цртеж кој кружи повеќе од 100 години под различни имиња, но последниве денови повторно се рашири на социјалните мрежи. Првпат се појавил на разгледница во Германија во 1888 година, а потоа во еден американски хумористичен магазин од 1918, а е дело на Британецот Вилијам Или Хил.

Ако му верувате на она што се пишува за овој цртеж, вашиот одговор ќе ви открие каква личност сте.

Погледнете ја сликата. Што забележувате прво?

samo-eden-pogled-na-ovoj-crtezh-od-1888-kje-vi-kazhe-kakva-lichnost-ste-kafepauza.mk

Н истата слика има девојка и старица, а зависно од тоа која од нив ќе ја забележите прво, постојат и различни толкувања, кои не се научно поткрепени, туку се работи само за забава.

1. Девојка

Девојката на цртежот е свртена со лицето спротивно од вас, гледајќи во далечината, а во профил ѝ се гледаат носот и трепките. Од шеширот ѝ се вее бел вел, носи бунда, деколтето ѝ е дискретно отворено, а околу вратот има ланче.

Толкување: Вие сте личност со ведра природа, младешки дух и на светот гледате оптимистично.

2. Старица

Старицата ја гледаме во профил, а увото на девојката е око на старицата. Линијата на нејзиниот образ и вилицата го претставуваат носот на старицата, а ланчето ги формира нејзините усни, додека велот на шеширот кај старицата повеќе личи на марама.

Толкување: Ако прво сте ја забележале старицата (или вештерката), склони сте на песимизам, скептични сте и имате стар дух.