Сакате да ја подобрите меморијата? Трудете се да имате што повеќе активности!

Сакате да ја подобрите меморијата? Трудете се да имате што повеќе активности!

Секој од вас има еден куп обврски коишто треба да се завршат во текот на денот, при што сигурно ретко кога наоѓате време за да се релаксирате и одморите. Додека одморот е неопходен и е од суштинско значење за вашата ментална благосостојба, сепак и преголемата зафатеност ви нуди одредени предности. Истражувачите откриле дека кога сте премногу зафатени вие ги подобрувате вашите вештини за расудување, ја подобрувате својата меморија и другите ментални функции.

Во Тексас и Алабама било спроведено истражување на 330 здрави мажи и жени на возраст помеѓу 50 и 80 години. Тие биле прашувани за нивниот секојдневен распоред и им биле зададени ментални тестови. Резултатите од овие истражувања покажале дека без разлика на тоа колку години има личноста или каков е степенот на нејзино образование, здравиот мозок е поврзан со начинот на живот, односно колку таа личност е зафатена во текот на еден ден. Тука било утврдено дека поголемата зафатеност резултира со подобра обработка на податоци, подобрена меморија, подобро расудување и поголемо знаење.

На кој начин ви се подобрува меморијата кога сте премногу зафатени?

На мозокот, како и на секој друг мускул, му треба вежбање. Ангажирањето во активности коишто ве стимулираат ментално е од особено значење. Научниците веруваат дека стимулирањето директно влијае врз когнитивните процеси, особено кога станува збор за подобрување на меморијата. Некои од менталните процеси коишто се вклучени кога имате исполнет распоред се:

  • Фокусирање на повеќе задачи
  • Решавање проблеми
  • Расудување
  • Анализирање
  • Прекинување на мислата и повторно враќање на истата
  • Планирање
  • Стратешко планирање
  • Линеарно размислување
  • Глобално размислување
  • Пресметување

Истражувачот д-р Сара Фестини од Универзитетот во Далас вели:

„Ние откривме дека луѓето кои имаат голем степен на зафатеност во текот на денот имаат поголема тенденција за подобро разбирање, особено кога се однесува за запаметување на неодамна примените информации.“

Всушност, кога сте премногу зафатени вие ја подобрувате таканаречената епизодна меморија, односно способноста да се потсетите на одредени настани, како и работната меморија којашто е дел од краткотрајната меморија. Истражувањата покажуваат дека колку повеќе личноста е зафатена, толку повисоки резултати имала на когнитивните тестови. Јазот помеѓу премногу зафатените личности и помалку зафатените повеќе бил нагласен особено кај постарите учесници во истражувањето.

Но, пред да го преполните вашиот распоред со случаен избор на активности, имајте предвид дека резултатите од ова истражување се еднострани, а тоа не е сосема доволно. Исто така во ова истражување било испитувано како се подобрува меморијата, притоа не земајќи ги предвид негативните ефекти од преголемата зафатеност. Честопати зафатеноста носи огромно ниво на стрес, што со едно истражување направено врз глувци се покажало дека иако ја подобрувате меморијата, вие помалку сте способни да формирате нови сеќавања. Исто така негативното влијание од поголемата зафатеност влијае и врз вашето срце и метаболизам.

Сепак, доколку имате време и простор во својот распоред да додадете уште неколку активности со коишто ќе ја подобрите вашата меморија, еве неколку предлози:

  1. Фокусирајте се на нешто што навистина ве интересира и не ви предизвикува стрес. На овој начин ќе се опуштите и ќе го ослободите вашиот мозок.
  2. Започнете со проект од типот „направи сам“. Тие се забавни и го стимулираат вашиот мозок на различни начини.
  3. Учете нови вештини. Сите активности каде што вашиот мозок е ангажиран во процесот на учење може да ви бидат од огромна корист.
  4. Испробајте нешто ново и различно. На пример, можете да посетите нов ресторан или продавница, или пак испробајте нов рецепт.
  5. Вежбајте. Физичките вежби се исто така важни како и менталните.
  6. Волонтирајте. Ова носи придобивки за вашиот ум, тело и душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар