Психолошки тест: Емоционална интелигенција - Part 3

Психолошки тест: Емоционална интелигенција

Овој тест овозможува и подетални резултати во однос на 3-те поделби на емоционалната интелигенција. Овие поделби ги вклучуваат:

  1. Односот кон себе (интимна емоционална интелигенција)
  2. Односот кон другите (социјална емоционална интелигенција)
  3. Односот кон животот (егзистенционална емоционална интелигенција)

2-psiholoshki-test-emocionalna-inteligencija-www.kafepauza.mk_

1. Однос кон себе

Емоциите ги изразуваат нашите најинтимни делови. Доколку се занемаруваат или потиснуваат, кога-тогаш тие сепак ќе го најдат својот пат до површината. Според тоа можеме да заклучиме дека ние влијаеме на нив. Емоциите треба да бидат идентификувани и соодветно канализирани со цел да не се дозволи натрупување на негативна енергија.

Соберете ги поените од следниве прашања за да ја откриете вашата интимна емоционална интелигенција: 1, 4, 5, 8, 10, 11, 12, 18, 20, 25, 31, 34, 39, 41.

Помеѓу 36 и 56 поени

Вас емоциите ретко ве преплавуваат бидејќи за вас тие се драгоцени сојузници на секојдневието. Одлично се познавате себе и сте способни да ги идентификувате сите негативни емоции, да ги оттргнете од другите и да не им дозволувате да влијаат врз вас. Вие знаете подеднакво да ги прифатите и позитивните емоции и во целост да го доживеете задоволството кое тие го нудат. Вие не сте личност над која доминираат емоциите, но дефинитивно сте личност која се инспирира од нив.

Помеѓу 14 и 35 поени

Вашите емоции многу често знаат да ви создадат непријатности. Вие тежнеете кон нивно потиснување, а токму тоа доведува и до емоционална експлозија. Вие многу често ги игнорирате вашите емоции или пак, погрешно ги сфаќате. Понекогаш успевате да го сфатите нивното значење, но предоцна, кога веќе ќе ја изгубите контролата врз нив. Вие долго сте изложени на влијанието на негативните емоции, па токму затоа знаете да прифатите некои навики кои се против вас (нерасположение, караници, повлекување во себе…). Обидете се да им посветите повеќе време на вашите емоции и почнете да учите како да ги разбирате знаците кои тие ви ги испраќаат.

2. Однос кон другите

Емоциите силно влијаат врз нашиот однос кон другите луѓе, па токму затоа имаме можност да ги разбереме (слушање и емпатија) и размениме (комуникација). Тие воспоставуваат комуникациски канал, брзо и ефикасно. Поголемиот дел од нашите емоции се предизвикани од социјалните настани.

Соберете ги поените од следниве прашања за да ја откриете вашата социјална емоционална интелигенција: 6, 9, 13, 14, 15, 16, 17, 19, 21, 22, 23, 28, 35, 40.

Помеѓу 36 и 56 поени

Вие сте способни ефикасно да ги искористите емоциите во односите со другите луѓе, најмногу поради силната интуиција (читате меѓу редови) и емпатија (ја чувствувате и разбирате емоционалната состојба на соговорникот). Знаете да го кажете она што сакате, без притоа да ги повредите другите. Вие сте склони кон размена на позитивни емоции (комплименти), наместо негативните (критики). Знаете да го изразите својот став, но и да прифатите доколку е предизвикан.

Помеѓу 14 и 35 поени

Вие многу често преминувате од една крајност во друга, или сте многу агресивни или сте потчинети. Емоциите често ви попречуваат во слушањето и изразувањето, па токму затоа создавате збунувачка слика за себе пред другите, па тие ве доживуваат како непредвидливи, навредливи, немотивирани, ладни и дистанцирани. Наместо да ги потиснувате вашите емоции, обидете се да најдете начин како да ги искажете. Почнете да се тренирате себе така што почесто велете „Тоа ми причинува задоволство“, или пак, „Ова навистина ми смета“. Почнете да им давате предност на објаснувањата и дијалозите и отфрлете ја изјавата „За ова не вреди да се разговара“ од вашиот речник.

3. Однос кон животот

Просторот кој им го даваме на нашите емоции секојдневно влијае врз нашето функционирање. Кон кои цели тежнееме? Кои се нашите приоритети? Како се грижиме за себе? Колку место им оставаме на интуицијата, креативноста и опуштањето? На кратко, емоционалната интелигенција зазема важно место во нашите животни одлуки, како и во нашиот квалитет на живеење.

Соберете ги поените од следниве прашања за да ја откриете вашата егзистенционална емоционална интелигенција: 2, 3, 7, 23, 25, 26, 28, 30, 32, 33, 36, 37, 38, 42.

Помеѓу 36 и 56 поени

Целосно сте свесни за важноста на задоволствата и вашиот личен развој, како и за вашите животни приоритети. Знаете до каде треба да одите и сфаќате дека целта не ги оправдува средствата. Вие ја употребувате вашата креативност со цел да ги проширите вашите видици. Знаете да се опуштите и имате природна склоност кон задоволството и среќата.

Помеѓу 14 и 35 поени

Вие несвесно го ставате вашето лично задоволство под сè останато, како на пример, семејството, работните обврски… Станува збор за заборавање на себе, заснована според потешкотиите да се сослушаат и почитуваат вашите потребни кои не се само материјални и рационални. Од тука доаѓа силната изложеност на стрес, егзистенцијалното двоумење и заморот. Пробајте да обрнете повеќе внимание на себе и обидете се да стапите контакт со вашите емоционални потреби и одлуки. Проширете ја вашата свесност, обидете се да ја намалите контролата и повеќе да се опуштате, помалку да планирате, а повеќе да импровизирате. Инвестирајте во својот квалитет на живеење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар