Психолошки тест: Емоционална интелигенција

Овој психолошки тест е составен од страна на Радмила Ѓокиќ. За да откриете нешто повеќе за вашата емоционална интелигенција, земете лист и пенкало и одговорете на секое од следниве тврдења со избирање на еден од наведените одговори кои го изразуваат вашиот степен на согласување или несогласување со тврдењето. Не размислувајте премногу долго за значењето на тврдењата, работете брзо и обидете се да одговорите што е можно попрецизно. Овој тест нема неточни одговори и многу е важно искрено да одговарате. Има четири можни одговори на секое од тврдењата: 1 – Сосема точно, 2 – Воглавно точно, 3 – Воглавно неточно, 4 – Сосема неточно. Кога ќе бидете подготвени, почнете…

Психолошки тест: Емоционална интелигенција

1. Често се чувствувам тажно, паѓам во нерасположение без да знам зошто.

2. Во состојба сум да се опуштам и потполно да го контролирам сопствениот живот

3. Вo кино лесно се смеам или плачам и уживам во тоа.

4. Често ми пречат емоциите во секојдневниот живот.

5. Кога сум бесен/на кршам предмети или напаѓам луѓе.

6. Лесно откривам кога некој ме лаже.

7. Знам да уживам во мали животни задоволства.

8. Емоциите можат да ме направат физички болен/болна.

9. Моите симпатии и антипатии се непроменливи, имам потреба да го променам мислењето за луѓето.

10. Кога нешто ме нервира, можам брзо да се смирам.

11. Кога јавно говорам не чувствувам никакви физички знаци на трема (тресење на рацете, затреперување на гласот…)

12. Патам од синдромот „жолта минута“, односно ако ме нервира нешто, долго не зборувам ништо, а потоа наеднаш ќе експлодирам.

13. Често сум нерасположен/а.

14. Ако некој ми прави проблем, можам лесно да зборувам со него за тоа.

15. Како дете често бев каприциозен/на.

16. Им се допаѓам на луѓето и тоа ме прави популарен/на.

17. Користам интуиција во своите односи со другите луѓе, односно на некој начин „ги чувствувам“ добрите луѓе.

18. Лесно се обвинувам себеси.

19. Луѓето ми се доверуваат самоиницијативно.

20. Често под влијание на емоциите работам спротивно на своите интереси.

21. Кога сум лошо расположена/а ги бркам сите луѓе од соба.

22. Тешко прифаќам дури и оправдана критика.

23. Имам чувство за дипломатија.

24. Имам потреба да се изразам со уметноста (сликање, музика…) за да чувствувам задоволство од животот.

25. Кога сум возбуден од некоја добра вест, имам проблем со сонот.

26. Многу работам, дури и во моето слободно време.

27. Често се молам или медитирам.

28. Често имам проблем да кажам „те сакам“.

29. Често одам во природа.

30. Во детството моите родители немаа слух за моите емоции.

31. Можам долго да бидам лут/а на личноста која ми направила лошо.

32. Водам сметка за квалитетот на живеењето.

33. Прифаќам дека не може да се знае сè, да се разбира сè, да се прифати сè, ниту кај мене, ниту кај другите.

34. Ако сум тажен/а се обидувам да го подигнам моралот наместо да се повлечам.

35. Кога предложувам нешто во група, внимателно ме слушаат.

36. Тешко ми е вештачки да покажам задоволство и лажни емоции како што често може да се види во телевизиските емисии.

37. Повеќе сакам да читам романи отколку есеи.

38. Кога се сеќавам на убави спомени, повторно доживувам силни емоции.

39. Потребно ми е време да сфатам дека сум изнервиран/а.

40. Способен/на сум да ги сослушам и разберам своите соговорници, дури и кога не се сложувам со нив.

41. Понекогаш не можам да ги разберам своите реакции.

42. При донесување одлуки имам голема доверба во својата интуиција.

Доколку завршивте со сите прашања, побарајте ги нивните поени во следниве табели, а потоа во однос на вашиот резултат откријте дали имате висока, просечна или ниска емоционална интелигенција…
Број на прашање 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
Сосема точно 1 4 4 1 1 4 4 1 1 4 4 1 1 4 1 4 4 1 4 1 1
Воглавно точно 2 3 3 2 2 3 3 2 2 3 3 2 2 3 2 3 3 2 3 2 2
Воглавно неточно 3 2 2 3 3 2 2 3 3 2 2 3 3 2 3 2 2 3 2 3 3
Сосема неточно 4 1 1 4 4 1 1 4 4 1 1 4 4 1 4 1 1 4 1 4 4

 

Број на прашање
22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42
Сосема точно 1
4 4 1 1 4 1 4 1 1 4 4 4 4 4 4 4 1 4 1 4
Воглавно точно 2 3 3 2 2 3 2 3 2 2 3 3 3 3 3 3 3 2 3 2 3
Воглавно неточно 3 2 2 3 3 2 3 2 3 3 2 2 2 2 2 2 2 3 2 3 2
Сосема неточно 4 1 1 4 4 1 4 1 4 4 1 1 1 1 1 1 1 4 1 4 1

Резултати


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар