Првото животно што ќе го забележите ќе ви открие каква е моќта на вашиот ум

Првото животно што ќе го забележите ќе ви открие каква е моќта на вашиот ум

Психологот и добитник на Нобелова награда Роџер В. Спери открил дека двете хемисфери на мозокот функционираат различно. Начинот на којшто размислувате зависи од тоа која хемисфера ви е доминантна. Според неговото истражување, постојат бројни тестови што можат да го одредат вашиот начин на размислување и вашите лични одлики. Овој тест е таков и со него ќе дознаете нешто повеќе за себе. Погледнете ја сликата. Кое животно го забележавте прво?

Првото животно што ќе го забележите ќе ви открие каква е моќта на вашиот ум

Глава на тигар

Поактивна ви е левата хемисфера на мозокот. Вие сте аналитичари, имате цели и сте навистина организирани. Кога сте соочени со проблем користите логика и објективни сте. Сепак, бидејќи знаете колку време сте размислувале за некоја одлука, можете да бидете непопустливи. Добро би било ако понекогаш земете предвид и туѓо мислење и го прифатите.

Вашите карактерни одлики се:

  • Планирање: Ги правите нештата по план и секогаш имате листа на обврски.
  • Прецизност: Имате јасно поставени цели и знаете што треба да правите за да ги постигнете.
  • Рационалност: Емоциите и чувствата не ви застануваат на патот до целта.
  • Логика: Сакате математика и наука и полни сте со нови идеи.
  • Реалност: Вашиот свет е навистина реален. Во него нема место за бајки и фантазија. Без разлика како им изгледаат вашите цели на другите, вие знаете дека се реалистични и достижни.

Мајмун што виси

Првото животно што ќе го забележите ќе ви открие каква е моќта на вашиот ум

Вам ви е поактивна десната хемисфера. Вие сте креативна личност, полна со иновативни идеи. Кога сте соочени со проблем, почесто се потпирате на интуицијата отколку на размислувањето. Совршено добро знаете дека секој чекор во животот ви е лекција, па дури и неуспехот го сметате како чекор напред кон целта. За вас патувањето е многу поважно од целта. Бидејќи сте сонувач, често се губите во вашите фантазии. Потребно е одвреме-навреме да се враќате во реалноста и да обрнете повеќе внимание на светот околу вас.

Вашите карактерни одлики се:

  • Импулсивност: Спонтано ги правите нештата. Секогаш размислувате надвор од кутијата.
  • Емоционалност: Премногу се грижите за многу нешта. Поминувате време размислувајќи и делувајќи според чувствата.
  • Креативност: Вие имате талент за музика, цртање или каква било креативна дисциплина.
  • Интуитивност: Не правите листи со обврски и не ги следите правилата. Проблемите ги решавате интуитивно.
  • Мечтаење: Имате соништа за животот наместо цели. Сакате да ги остварите соништата и често успевате во тоа.

Не заборавајте дека двете хемисфери не се изолирани една од друга. Тие работат заедно и се надополнуваат. Па иако можеби ги поседувате одликите од едната хемисфера, не значи дека не поседувате ништо од другата.

Обидете се да ги решите овие загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар