10 загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката

Дали некогаш сте посакале да бидете како Шерлок Холмс? Обично животот не ни дава многу можности да си играме детективи, освен ако не треба да го најдете вашиот клуч или шал. Но сигурно би сакале да го тестирате вашиот мозок и да дознаете за што е способен. Следниве загатки со слики ќе ви помогнат да ја тестирате вашата логика и вашето внимание.

1. Погледнете ја сликата

10 загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката

Двајца ловци ловеле елен. Еленот се покажал помеѓу дрвјата и потоа ненадејно исчезнал. Ловците тргнале по него, но го изгубиле. Сепак, еленот не е многу далеку. Можете ли да го пронајдете?

  • Одговор

    Погледнете го десниот дел од сликата. Го гледате еленот меѓу дрвата?

    10 загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката

2. Средба

10 загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката

Две пријателки се сретнале на улица.

„Здраво Алис. Каде одиш?“, прашала Џејн.

„Одам до куќата со број 23. Каде одиш ти?“, прашала Алис.

„Одам кај Сара. Таа живее во куќата со број 7.“

1. Која девојка на сликата е Џејн, а која е Алис?

2. Каде оди девојката со кратката коса?

  • Одговор

    1. Алис е девојката со кратката коса. Обрнете внимание на бројот на куќата зад неа – 19. Непарните броеви обично се наоѓаат на левата страна. Девојката со кратка коса оди во насока на куќите со поголеми броеви. 23 е поголемо од 19, па ова е Алис.

    2. Алис оди на часови по глума. Каде инаку ќе ѝ требаат виолина, меч и скиптар во исто време?

3. Која девојка е сопственичка на мачката?

10 загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката

На сликата има три девојки – Хелен, Марија и Ирена. Сите девојки си играат со мачката, но која од нив е нејзина сопственичка?

  • Одговор

    Сопственичката е девојката чии хулахопки се искинати напред. Хулахопките на девојката од нејзината десна страна се искинати назад, најверојатно додека седела на стол. Мачката би можела да го направи ова, но пологична е првата опција.

4. Деца на екскурзија

10 загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката

На сликата има 5 деца. Едно од нив е Мајк кој е прв во редицата. Ако Оливија одела во близина на Макс, Алекс би бил веднаш до неговиот имењак. Каде се наоѓа секое од децата?

  • Одговор

    Од лево кон десно – Мајк, Макс, Алекс, Оливија и Алекс.

5. Старици

10 загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката

Две старици отишле на реката за да наполнат вода за нивните градини. Која од нив ќе однесе повеќе вода?

  • Одговор

    Садот за наводнување на старицата од лево е поголем. Но, дупката и на двата сада е на исто ниво. Според физиката, нивото на водата не може да биде повисоко од дупката. Па, двете старици ќе донесат исто количество вода.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар