Првата едноставна направа што го претвора загадениот воздух во чист кислород

Знаевте ли дека дишењето загаден воздух го намалува човечкиот живот за 1 до 2 години? И покрај ова 5,5 милиони луѓе во светот живеат на места каде што квалитетот на воздухот е катастрофален. Во Пекинг, на пример, се појавила и нова болест – пекиншка кашлица.

Првата едноставна направа што го претвора загадениот воздух во чист кислород

Проблемот со заградувањето на воздухот е насекаде, а токму поради ова е направен и Treepex. Оваа револуционерна џебна направа го претвора загадениот воздух во чист кислород.

Можеби не е најмодерното нешто што би сакале да го носите, но наводно може да го прочисти воздухот без разлика каде се наоѓате. Ова е навистина важно бидејќи загадувањето на воздухот е една од најголемите кризи на 21-виот век.

Во Јужна Калифорнија биле забележани 5.000 смртни случаи поврзани со загадувањето на воздухот. Без разлика каде се наоѓате, загаденоста има влијание и на вас. Загадениот воздух е помеѓу првите 10 убијци на планетата, па поради ова направите како Treepex се навистина важни.

„Treepex користи CRISPR технологија за да ја оддели ДНК-та од дрвјата, да рекреира живи клетки што се одговорни за фотосинтеза и да ги компресира во направата. Кога ќе погледнете лист под микроскоп можете да ги видите клетките одговорни за фотосинтезата. И тоа е само многу мал дел од целиот лист. Едноставно, гледајте ја направата како илјадници листови збиени во неа.“

Направата е лесна за користење и има неколку карактеристики. Апликацијата за мобилен пресметува колку кислород вдишувате секојдневно и ја мери загаденоста на воздухот во вашата околина. Направата е направена и со антиалергиски материјали, па може да ја користи секој.

Компанијата признава дека таа не е идеална за секојдневна употреба. Сепак, може да биде корисна за кратки патувања.

Сигурно сте веќе свесни дека и во нашата држава проблемот со загадувањето на воздухот станува навистина сериозен, особено во сезоната на греење. Додека се најде трајно решение, можеби ова е направата што ни е потребна на сите.

Прочитајте нешто повеќе за загадувањето на воздухот и како да го спречите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар