10 женски трикови што ќе ви се најдат ова лето

Зарем животот не почнува одново секое лето? Ако ова е вистина, потребно е да се чувствувате најдобро и најубаво што може за навистина да уживате во „новиот“ живот. Ако ви е потребна мала помош за тоа, овие женски трикови сигурно ќе ви се најдат.

1. Користете бебешка пудра како дезодоранс

10 женски трикови што ќе ви се најдат ова лето

Нанесете малку бебешка пудра под пазувите за да ја спречите влажноста и миризбата. Пудрата е направена од природно пченкарно брашно и одлично апсорбира. Можете да ја употребувате и за вашите чевли ако имате проблем со потење на стапалата.

2. Ластичиња на очилата за сонце

10 женски трикови што ќе ви се најдат ова лето

Сигурно веќе знаете како изгледа кога очилата постојано ви паѓаат. За среќа има решение и за тоа. Ставете мали ластичиња на краевите на очилата. Ова ќе ги држи на вашето лице.

3. Кокосово масло

10 женски трикови што ќе ви се најдат ова лето

Сакате да се бањате во базен, но загрижени сте за влијанието на хлорот на вашата коса? И за ова има решение – пред да влезете во базенот нанесете кокосово масло на вашата коса. Ова ќе ѝ додаде сјај и ќе го спречи сушењето.

4. Потемна пудра за лице

10 женски трикови што ќе ви се најдат ова лето

Потемнувањето на кожата во лето е неизбежно. Но, купувањето нова пудра со секое потемнување не е исплатливо. Едноставно додајте малку течен бронзер во пудрата пред да ја нанесете и ќе ја добиете нијансата што ви одговара.

5. Мраз од кафе

10 женски трикови што ќе ви се најдат ова лето

Топлите денови се за студени пијалаци. Колку од вас го започнуваат денот со чаша ледено кафе? Сигурно не ви се допаѓа кога кафето ќе се разводени од мразот. За да го избегнете ова, ставете обично црно кафе во калапите за мраз и замрзнете го.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар