Проверете дали сте добар детектив: Можете ли да го решите случајот за ова убиство?
Земете си лист и пенкало за да можете да си помогнете во решавањето на оваа логична загатка.

Постојат 5 познаници. Еден од нив убил еден од останатите. Која личност е убиецот?
1. Ден вчера трчал на маратон во Њујорк со еден невин човек.
2. Мајк размислувал да стане фармер пред да се пресели во градот.
3. Џеф е врвен компјутерски консултант и сака да му го среди новиот компјутер на Бен следната седмица.
4. На убиецот му е ампутирана ногата минатиот месец.
5. Бен го запознал Џек пред 6 месеци.
6. Џек бил изолиран од убиството.
7. Ден некогаш многу пиел.
8. Бен и Џеф своите последни компјутери ги поправиле заедно.
9. Убиецот е воедно и брат на Џек, пораснале заедно во Сиетл.
Совет: Внимателно прочитајте ги трагите и запишувајте ги вашите заклучоци.
Што мислите, кој е убиецот? Пишете ни во делот за коментари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
