Пролетно овошје кое помага во борбата против ракот на дојката

Пролетно овошје кое помага во борбата против ракот на дојката

Ракот на дојката е сериозна тема за секоја жена, па сигурно ќе ве интересира ова необично откритие на група италијански научници. Имено, јагодите, чијашто сезона само што започнува, се добар сојузник во превенцијата на ракот на дојката, но дури и ако болеста веќе се развила.

Пролетно овошје кое помага во борбата против ракот на дојката

Истражувачите се фокусирале на влијанието на јагодите врз превенцијата и лекувањето на ракот на дојката – нешто што досега било неистражено. Јагодите содржат витамин Ц, фолна киселина, многу антиоксиданси и растителни состојки за кои одамна се покажало дека помагаат во превенцијата на ракот. Откриено е и дека јагодите содржат екстракт наречен алба, кој има влијание на способноста на преживување на разни клетки.

При споредба на нормалните и клетките на рак, кои биле земени од луѓе и стаорци, научниците откриле дека состојката алба најсилно делува против клетките на ракот на дојката и дека ги напаѓа. Ова значи дека јагодите се добри за превенција, но и за лекување на ракот на дојката.

Не е истакнато колкаво е всушност влијанието на јагодите врз ракот, ниту пак колку јагоди би требало да се консумираат за да се почувствуваат ефектите. Лекувањето на ракот е комплексен процес, но ако јагодите помагаат барем малку, зошто да не ги вклучите во исхрана? Исто така важно е да знаете дека честото консумирање овошје и зеленчук го намалува ризикот од дијабетес, заболувања на срцето, инфекции или болести на кожата.

Погледнете и кои се скриените симптоми на рак на дојка кои морате да ги знаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар