Професор се обидува да создаде преведувач за животни

Професор се обидува да создаде преведувач за животни

Професорот од Универзитетот во Северна Аризона, Кон Слободчиков, поминал повеќе од 30 години истражувајќи го однесувањето на кучињата. Во неговите истражувања тој открил дека тие користат софистициран систем на комуникација кој ги има сите аспекти на еден јазик.

Професор се обидува да создаде преведувач за животни

Тој открил дека кучињата користат разни повици за разни видови работи, и дека дури можат да опишат бои и животински крзна. Тој верува дека и другите животни користат исто комплексен толку јазик. Па, тој решил да направи преведувач за домашните миленици наречен Zoolingua.

„Многу луѓе сакаат да разговараат со нивното куче или маче, или барем да откријат што тоа сака да им каже. Многу луѓе разговараат со своите кучиња и ги споделуваат нивните најдлабоки тајни. Кога станува збор за мачките, не сум многу сигурен што сакаат да кажат. Најчесто тоа е барање за храна.“

Кон и неговиот тим истражувачи снимале стотици часови од лаење на улични кучиња со скриени микрофони. Користејќи вештачка интелигенција, тие ги анализирале снимките за да го откријат нивниот „јазик“. Го направиле ова со следење на разните фреквенции и тонови на разни групи, а секоја група имала посебна фреквенција и тон. Организирајќи ги лаењата, тие откриле дека кучињата не само што се предупредуваат за опасност, туку тие го опишуваат и видот на опасноста која им се приближува.

Всушност, еден експеримент открил колку специфични може да бидат кучињата со нивното лаење. Четворица волонтери биле замолени да поминат низ живеалиштето на неколку улични кучиња носејќи исти панталони и чевли, но различни блузи – сина, жолта, зелена и сива. Неверојатно, но истражувачите не само што успеале да ги групираат лаењата по бојата на блузата, туку ги групирале и по други карактеристики, како висина.

„Кучињата си кажуваа: Еве го високиот човек во сино. Или пак: Доаѓа нискиот човек во жолто.“

Кон изјавил дека поминал толку многу време со кучиња што сега не му е потребен компјутер за да го преведе нивното лаење. Тој верува дека без разлика на сè, за десетина години на пазарот ќе се појави преведувач за домашни миленици. Ова ќе им овозможи на милениците и луѓето да комуницираат подобро, а со тоа уште повеќе ќе се намали разликата помеѓу луѓето и животните.

Додека го чекате преведувачот, откријте што значат различните лаења на вашето куче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар