Што значат различните лаења на вашето куче?

Можеби ќе ве изненади фактот дека кучињата во просек разбираат околу 165 човечки зборови. Иако не можат да зборуваат, кучињата секогаш се обидуваат да комуницираат на нивен начин. Погледнете ги резултатите од едно истражување што ни го откриваат значењето на секој вид лаење на вашето куче.

shto-znachi-laenjeto-na-vasheto-kuche-site-kafepauza.mk

„Ова е важно“

Можете да одредите дали вашето куче е возбудено ако го слушате ритамот на неговото лаење. Ако лае „брзо“, тоа се обидува да ви каже дека нешто е итно. Ако лаењето на кучето е „развлечено“, со подолго паузи, тоа значи дека не е заинтересирано.

„Осамено сум“

Кога вашето куче се чувствува осамено, неговото лаење ќе биде долго, со паузи помеѓу секој сет лаење. Кучињата многу често и завиваат, а на овој начин сакаат да ви кажат дека се покрај вас и им треба вашето внимание.

„Дојди поблиску“

Ако кучето сака да ви каже дека е безбедно да се приближите, тоа ќе почне да лае со потенок глас. Овој тон на гласот е често поврзан со малите животни, па кучето сака да ви каже дека не е опасно.

„Држи се настрана“

Сигурно инстинктивно знаете кога некое куче не сака да му се приближите. Најчесто знак за ова е ржењето.

„Здраво!“

Кучињата обично залајуваат еднаш или два пати, и тоа со повисока фреквенција кога сакаат да се поздрават. Ова исто така значи дека се среќни што ве гледаат.

„Ми треба…“

Вашето куче ќе ви каже дека сака нешто со цимолење кое завршува со тенок глас. Колку почесто и погласно е цимолењето, толку повеќе вашето куче е приврзано за тоа што го бара.

„Ајде да одиме“

Од друга страна, цимолењето кое постепено стивнува без повишување, е знак дека кучето сака да излезе надвор или пак, чека да му го фрлите топчето за да си игра.

„Овде сум“

Завивањето е знак дека вашето куче бара внимание. Понекогаш на овој начин кучињата кажуваат дека некоја територија е нивна.

„Престани“

Кога вашето куче е изнервирано, тоа ќе искористи кратко и брзо лаење со подебел глас.

„Тажно сум“

Кога вашето куче воздивнува, можеби ви кажува дека се откажало за нешто. Како и луѓето, тоа ја испушта тензијата од некоја стресна ситуација. Многу често воздишките се знак за тага.

„Среќно сум“

Но, воздишките може да бидат и знак на среќа. Затоа е важно да ги толкувате во контекст со ситуацијата.

„Ајде да си играме“

Кога вашето куче лае испрекинато, тоа сака да ви каже дека му се игра и дека сака да се забавува со вас.

„Се плашам“

Кратките лаења се знак дека кучето се плаши од некоја ситуација. На овој начин тоа го признава својот страв.

„Не се откажувам“

Кога кучето одржува едно лаење подолго време, тоа значи дека е самоуверено за некоја одлука и за сигналот што сака да го прати. Ова значи и дека е подготвено за борба доколку е потребно.

„Следи ме“

Вашето куче ќе завие доколку сака да го следите.

„Внимавај“

Ако вашето куче лае брзо 2-4 пати, со паузи помеѓу сетовите, тоа се обидува да ви го привлече вниманието. Не мора да значи дека е исплашено, но сака да бидете повнимателни.

„Изненаден сум“

Вашето куче ќе залае еднаш, брзо и високо ако е изненадено.

„Повреден сум“

Кучињата цимолат кога чувствуваат болка. Овде станува збор и за физичка и за психичка болка (вина или страв).

„Подготви се за одбрана“

Кога вашето куче сака да ве подготви за потенцијална закана, тоа ќе почне да лае бавно, со погруб тон во гласот, за да ве предупреди.

Погледнете ги и знаците дека вашето куче чувствува некаква болка.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар