Проблеми кои само девојките со долга коса можат да ги разберат

Скоро секоја девојка сонува за долга коса. Тоа им е во гените. Но, што се случува кога тие конечно ќе ја достигнат должината на косата која со години ја посакувале? Работите не се секогаш едноставни како што изгледаат…

Проблеми кои само девојките со долга коса можат да ги разберат

1. Никогаш не излегувате од дома без ластиче за коса. Вие попрво би заборавиле да облечете пантолони отколку да заборавите нешто кое може да ве спаси од сигурен пекол.

2. Се обидувате да се убедите дека ластиче за коса на зглобот од раката изгледа кул и женствено. Тоа е исто како златна алка, само малку помеко…

3. Моментот кога ви се заглавува косата во зимскиот шал. И токму затоа имате чудна боб фризура според која никој не ве препознава.

4. Толку често ја врзувате косата во коњско опавче што почнувате да се запрашувате зошто воопшто имате толку долга коса. Вие скоро секој ден размислувате да ја скратите, но поради некоја причина никогаш не се одлучувате на овој чекор.

5. Хоророт кога ќе најдете ваше влакно во храната која ја јадете. Тоа е најверојатно ваше, но што ако не е???

6. Најтешко ви е кога сте одозгора за време на сексуалниот однос. Или одоздола. Всушност, во секоја сексуална позиција поголемиот дел од времето се обидувате да ја извадите косата од вашата уста.

7. Извлекувањето топче влакна од одводот во кадата. Зарем има зборови кои можат да објаснат колку е одвратно тоа?

8. Кога ја собирате вашата коса во теретаната, ама сè уште е премногу долга и се лепи под вашите мишки. Токму затоа мора да направите пунџа или која било друга фризура која ќе ја одржува косата што подалеку од вашето испотено тело.

9. Моментот кога ќе сфатите дека косата ви расцветела на врвовите, но страв ви е да одите на фризер за да не ви ја скратат премногу. И така поминуваат години и години со цел да ја достигнете должината на косата каква што им е на сирените.

10. Чекањето 9 години за вашата коса да се исуши. Сезоните се менуваат, поминуваат многу полни Месечини и… вашата коса сè уште е мокра!

11. Пронаоѓање коса насекаде. Подот на вашиот дом е целосно прекриен со влакна од вашата коса. И не само тоа, ги наоѓате дури и на места каде што едноставно не е логично тие да бидат!

12. Лепливиот сјај е нешто што не е за вас. Изгледа дека косата знае кога го користите и како да сака да се заглавува во него!

13. Чешлањето на косата е како вежбање. Зарем има подобра кардио вежба?

14. Заглавувањето на косата во патентот. Секој пат!

15. Моментот кога вашето момче со своите прсти ќе поминува низ вашата коса. Вие знаете дека тој ќе налета на некој јазол и дека со тоа ќе се уништи овој секси настан.

16. Вашиот ѓердан не е само ѓердан. Тој е исполнет со влакна од вашата коса, заглавени како мува во пајажина.

17. Бескрајните количини на шампон и регенератор. Вие давате повеќе пари за шампон и регенератор отколку за сите останати продукти за убавина и нега кои ги користите.

18. Доколку не ја заврзете косата пред спиење, големи се шансите дека ќе ве згуши во текот на ноќта. Дури и уредно да ја средите, вие повторно ќе се разбудите со „фризура“ како некој да ве тепал цела вечер.

19. Шишање. Со секоја нова фризура се плашите дека вашата коса ќе доживее светска катастрофа.

20. Вашата коса не ја собира на селфи фотографиите кои ги објавувате на Инстаграм. Која е тогаш воопшто поентата на оваа социјална мрежа?

21. Чувството кога одеднаш ќе почувствувате како нешто ве лази на ногата и почнувате да се потите бидејќи мислите дека е огромна бубачка или змија. Но, на крај откривате дека тоа е само вашата коса. Која ве плаши.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар