Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

Во минатото белата коса била поврзувана со мудрост и знаење. На многу места важи истото, барем за мажите. Но нашето општество изгледа како да има колективен проблем со природното стареење на жените, па посегањето по фарба за коса по првото појавено бело влакно е сосема нормално за мнозинството жени помлади од 60 години.

Сепак, времињата се менуваат. Помислете на часовите и парите потрошени на столот на фризерот, без право на збор прифаќајќи го табуто што опкружува нешто сосема нормално и природно. 26-годишната Марта Труслоу Смит сфатила дека ѝ е доста од ова и го направила Инстаграм профилот „Громбре“. Ова е место за поддршка и ширење позитивност за оние жени кои ја прифаќаат нивната побелена коса. Овие жени се ослободиле од фарбата за коса и едноставно изгледаат неверојатно. Нивните приказни само ќе ги инспирираат и другите жени да ја прифатат нивната бела коса. Погледнете некои од овие дами и прочитајте ги нивните приказни, па којзнае, можеби и вие ќе се одлучите на нешто вакво.

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Одлучувањето да ѝ дозволам на мојата сива коса да порасне беше момент на прифаќање на личноста на којашто сум. Бојата на мојата коса не ја дефинира мојата младост! Се чувствувам млада, здрава и убава. Имањето природна сива коса е моќно! Сакам што не сум контролирана од социјалните стандарди за убавина туку од мои. Никогаш не сум ја фарбала косата… Сакам што не сум роб на фарбањето. Покрај тоа ова е многу подобро за моите природни локни.“

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Имав 12 години кога момчето што ми се допаѓаше посочи на моето прво бело влакно. Не мислеше ништо лошо, но јас бев преплашена. Оттогаш почнаа годините на кубење влакна и фарбање. Поминаа 4 години откако ги растам корењата и откако целосно ја прифатив сивата коса. Имам 26 години и не би донела друга одлука.“

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Сега кога транзицијата е завршена, со зимската светлина, мојата коса изгледа многу повеќе отколку сива… Ги сакам сите нијанси! Изгледа различно секој ден!“

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Моето име е Лин. Имам 37 години и сум од Тајланд. Имам сива коса уште од средно училиште. Продолжи да ја менува бојата со текот на годините. Морав да ја фарбам косата речиси секој месец. Пред четири години одлучив да ѝ дозволам на сивата коса да порасне и да го прифатам мојот природен изглед. И покрај некои лоши коментари од соседите, не ми беше грижа и си продолжив со животот. Денес луѓето постојано ме прашуваат каде сум ја фарбала косата. Ја сакаат и сакаат да ја имаат оваа боја. Среќна сум што ги гледам овие громбре дами насекаде. Ви благодарам за подигањето на свеста на луѓето ширум светот. Сакам да охрабрам некој кој се соочува со слична приказна како мојата – продолжи да бидеш своја и прифати го тоа. Бидејќи си апсолутно убава на свој начин!“

Приказните на 10 жени што одбиле да ја фарбаат нивната побелена коса

„Косата почна да ми обелува уште на 13-годишна возраст и никогаш не сум ја фарбала. Покрај тоа ја растам уште од 12 и целосно престанав со пострижување пред 5 години. Горда сум на начинот на којшто изгледа. Никогаш не сум мислела дека прави да изгледам постаро! Наместо тоа ги добивам најслатките комплименти – изгледам како самовила, како елф или како Ана од Замрзнатото кралство. Мојот сегашен живот на органска фарма некако се совпаѓа со мојата природна коса и за мене ова е друг начин да ѝ дозволам на мојата женственост да заблеска. Се надевам дека ќе инспирирам што е можно повеќе луѓе да бидат доволно храбри да прифатат и да покажат кои се навистина однатре.“

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар