Овој маж тргнал по „пократкиот“ пат предложен од Гугл Mапс и доживеал вистинска авантура

Без сомнение, Гугл мапс е навистина корисна алатка. Може да ве однесе до точното место каде што ве чекаат пријателите, да ви помогне да го најдете хотелот во новиот град, да ви помогне да пресметате кој е најкраткиот пат, па дури и да ви даде распоред со отворени кафетерии и продавници. Денес е навистина тешко да си го замислиме животот без оваа апликација. Но и покрај овие придобивки, понекогаш можете да се изгубите. А кога ќе се изгубите, ја добивате најдобрата можност за спонтана авантура и за уживање во нешто неочекувано. Кога апликацијата нема да ви биде од помош, сигурно ќе прашате некој локален жител за насоки, а можеби и ќе преспиете кај некое непознато семејство.

Приказната во продолжение докажува дека постои надеж и за луѓето опседнати со технологија, бидејќи понекогаш и Гугл прави грешки. Возејќи кон место за кампување на прекрасните Сини Планини во Австралија, Брус одлучил да го прифати предлогот на Гугл за кратенка со којашто ќе стигне 15 минути порано. Имал храна, гориво и теренско возило, па помислил зошто да не истражува малку.

„Воглавно не се грижам бидејќи секогаш патувам со барем 20 литри вода и полн резервоар гориво, па ако сум изгубен само е прашање на време кога ќе излезам на вистинскиот пат. Но претставувањето на Гугл на кратките патчиња во Австралија е малку интересно. Мисли дека има многу повеќе проодни патишта отколку што навистина постојат.“

Скршнувањето од патот сепак го однело Брус на неговото место за кампување со некои стари пријатели.

„Тоа беше само брзо преноќување бидејќи можевме да се собереме сите 5 другари само таа вечер. Како што ќе стигнев требаше да имаме пиво и скара со момчињата. Ги правиме овие патувања на секои неколку месеци бидејќи сите сме од различни области и ова е единствениот начин да се собереме.“

Погледнете како изгледала неговата авантура низ фотографии.

Овој маж тргнал по „пократкиот“ пат предложен од Гугл Mапс и доживеал вистинска авантура

„Па, имам надграден Ford Ranger и кога Гугл мапс ми кажа дека ќе заштедам 15 минути ако скршнам од патот, си реков во ред, ќе пробам. Таа вечер требаше да се сретнам со пријателите за кампување.“

Овој маж тргнал по „пократкиот“ пат предложен од Гугл Mапс и доживеал вистинска авантура

Овој маж тргнал по „пократкиот“ пат предложен од Гугл Mапс и доживеал вистинска авантура

„Патот по кој ме однесе Гугл не бил користен одамна. Ова е плантажа за борови дрва, поради тоа има исечени дрвја насекаде.“

Овој маж тргнал по „пократкиот“ пат предложен од Гугл Mапс и доживеал вистинска авантура

„По овој регион сфатив дека можеби сум малку подалеку отколку што треба бидејќи имаше навистина ограничен простор за вртење… Па сепак продолжив да се движам. Имав гориво за околу 1.000 километри, шатор, радио и доволно вода и пиво да ја преживеам ноќта. Има и телефонска мрежа од врвовите на некои ридови. Ова е на Сините Планини во Австралија.“

Овој маж тргнал по „пократкиот“ пат предложен од Гугл Mапс и доживеал вистинска авантура

„Планински пат од околу 500 метри… Дупките беа големи. Без проблеми. Но сфатив дека по ова ќе биде тешко да се вратам, па продолжив напред.“

Овој маж тргнал по „пократкиот“ пат предложен од Гугл Mапс и доживеал вистинска авантура

„Повеќе дупки. Имаше многу контролирано лизгање каде што буквално се лизгав со автомобилот без гаранција дека гумите ја допираат земјата.“

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар