Топла приказна: Никој не ги сакал овие 3 слепи мачиња, но на крајот среќата им се насмевнала

Приказната за овие мачиња започнува пред Божиќ, во 2014 година, кога тие биле најдени во еден напуштен магацин во Дубаи. Мачињата биле слепи, а видот го изгубиле поради вирус, којшто не бил соодветно третиран и излекуван од страна на нивниот претходен сопственик. Братот Блу најпрвин бил згрижен од сосед на претходниот сопственик, но мачето толку многу тагувало и плачело по своите две сестрички, поради што веднаш било вратено кај нив. Сите три биле однесени во дом за згрижување на миленичиња.

(10) Приказна што го стоплува срцето: Никој не ги сакал овие 3 слепи мачиња, но на крајот им се насмевнала среќата

Сепак, нивната среќа на крај им се насмевнала. На 19-ти февруари 2015 година се појавила прекрасната Кетрин која им дала заштита и топол дом. Таа била многу загрижена како ќе се справи со нивното слепило, но вели дека било потребно многу малку време за мачињата да се адаптираат на новиот дом. Гордата сопственичка на трите прекрасни миленичиња вели:

„Слепите мачиња гледаат преку своите срца.“

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар