Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

Вистинските пријатели се познаваат во тешките мигови. Па така, кога двегодишниот златен ретривер Џејк го изгубил видот, нему му била потребна помош за да се прилагоди на новата животна ситуација. За среќа, таа помош безрезервно ја добил од прекрасната Еди, куче-помошник кое во последните неколку години постојано ја покажува својата лојалност кон Џејк.

Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

„Го земавме Џејк откако почина едно од нашите претходни кучиња, Моли. Еди пристигна во нашите животи откако почина нашето трето куче, Врингли. Џејк беше претажен откако остана сам, па моравме да му донесеме друштво“ – вели сопственичката на овие прекрасни кучиња.

Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

Проблемите на Џејк започнале откако наполнил две години. Неговите сопственици забележале дека нешто не е во ред со неговите очи бидејќи престанале да му солзат.

„И покрај тоа што ги пробавме сите лекови кои ни ги препорача ветеринарот, состојбата на неговите очи се влоши. За жал, моравме да се одлучиме меѓу отстранување на очите или негово усмртување.“

Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

„И двете опции ни звучеа ужасно, посебно за куче кое веќе помина низ многу тешки моменти. Како и да е, за кратко стапивме во контакт со сопственици на други слепи кучиња. Тие нѐ охрабрија дека, и покрај тоа што нивните кучиња не гледаат, сепак живеат нормални и среќни животи.“

Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

„Нашиот ветеринар ни укажа и на тоа дека кај кучињата видот е на трето место. Ним им се побитни сетилата за мирис и слух.“

Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

„Веднаш по операцијата, Џејк почна да мавта со опашката. Откако му помина периодот на болка, тој почна да ни го дава тоа до знаење. Додека се приспособуваше на новиот живот, тој сите нѐ изненади од тоа колку лесно се прилагоди на сѐ.“

Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

„Одвреме-навреме, сѐ уште се удира во предмети, но со голема леснотија се движи низ дома и во околината. Исто така, неговото расположение сосема се врати!“

Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

„Многу ни е драго што ја донесовме оваа одлука и што многу луѓе нѐ охрабрија да го направиме ова. Џејк секојдневно нѐ потсетува дека неговиот живот има смисла, иако се соочува со ваков проблем.“

Пријателството меѓу ова слепо кученце и неговото куче-помошник ќе ви ја стопли душата

„Џејк обожава да спие на стомак, а Еди е вистинско гушкалче. Таа сака да биде секаде каде што сме ние и секогаш е спремна за бакнежи.“

Погледнете ги и овие симпатично стилизирани кучиња кои ќе ве натераат да чувате барем едно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар