Прекрасниот Нов Зеланд низ објективот на еден патник-номад

Прекрасниот Нов Зеланд низ објективот на еден патник-номад

Јохан Лолос е веб дизајнер, блогер и фотограф од Белгија кој пред 16 месеци тргнал да патува по светот и сè уште не се вратил дома. Откако поминал една година во Австралија, тргнал во обиколка на Нов Зеланд. Заедно со уште тројца пријатели изнајмиле комбе за кампување и делејќи ги трошоците за гориво и храна успеале да заштедат пари за неверојатните искуства кои овој дел од светот може да ги понуди. Нивниот пат околу Нов Зеланд траел три месеци и овие фотографии се краток увид во спомените кои им останале на Јохан и неговите пријатели. Тој за нив вели дека тие не се само документирање на неговите патувања, туку обид да ги инспирира другите да откриваат нови места.

Прекрасниот Нов Зеланд низ објективот на еден патник-номад

Езерото Ванака, Отаго

Прекрасниот Нов Зеланд низ објективот на еден патник-номад

Националниот парк Маунт Кук во областа Кентербери

Инаку тој своите долги патувања ги финансира така што работи додека патува. Неговите фотографски вештини и познавањата на социјалните мрежи му овозможуваат да заработува преку интернет од кој било дел на светот. Покрај тоа соработува и со туристички бироа од кои добива одредени бесплатни услуги со цел да ги промовира на неговите 70.000 следачи на Инстаграм. Неверојатното тримесечно крстарење по инаку скапиот Нов Зеланд го чинело само 1.200 американски долари. Севкупниот престој таму ќе трае до септември, кога ќе треба да одлучи во кој дел од светот ќе продолжи да патува.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар